Повик за Акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025

Рок за аплицирање

10/04/2025 17:00

Извор на финансирање

European Union

Име на програмата

ЕУ поддршка на Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2

Цели на програмата

Општата цел на овој повик е да придонесе за зајакнување на демократијата во Република Северна Македонија преку подобрен изборен процес со фокус на зголемена транспарентност, кредибилитет и инклузивност.

Конкретна цел на овој повик е да ги зајакне граѓанските организации во нивното активно учество и ангажираност за инклузивни, транспарентни и отчетни локални избори со фокус на учеството на жените, младите и маргинализираните групи.

Во најава на претстојните Локални избори во 2025 година во земјата, овој повик има за цел да ги поддржи иницијативите кои ги зајакнуваат демократските практики и промовираат фер и инклузивни изборни процеси со вклученост на граѓанското општество во набљудувањето на изборите.

Kој може да аплицира

(1)   За да биде подобен за грант во рамките на овој повик, апликантот мора:

Кој може да биде партнер

Ко-апликантите учествуваат во дизајнирањето и спроведувањето на акцијата, а трошоците што ќе ги прават се прифатливи на ист начин како и за апликантот.

Ко-апликантите мора да ги задоволат критериумите за подобност што важат за апликантот.

Доколку се додели договорот за грант, апликантот ќе стане корисник идентификуван како координатор. Координаторот ќе склучи Договор за грант со Договорниот орган и ќе го/ги претставува и дејствува во име на кој било друг ко-апликант (и) (доколку има) и ќе го координира дизајнот и спроведувањето на акцијата.

Доколку се додели договорот за грант, ко-апликантот(ите) ќе станат корисник(ци) во акцијата (заедно со Координаторот).

Буџетска рамка во € (EUR)
Min: 9000
Max: 10000

Кофинансирање

0 %

Време за имплементација

9 - 12 months

Линк до документ

Линк до повикот