Обука за односи со јавност

Односите со јавноста се една од активностите што секоја организација треба да ги планира на стратешко и на оперативно ниво. Но за да очекуваме полза од нив, мораме да ги познаваме вештините за односите со јавноста. Што се тоа односи со јавноста? Зошто ни се потребни? Што ќе постигнеме со нив?

Односите со јавноста ви овозможуваат да го проектирате имиџот или личноста на вашата организација кај вашата „јавност“ – корисници, поддржувачи, спонзори, донатори, локалната заедница, потрошувачи и другата вашата публика. Значи се работи за пренесување на вашата порака до вашата публика, но тоа е двонасочен процес. Вие мора да комуницирате со вашата публика, но треба исто така да и овозможите на публиката полесна комуникација со вас. Вистинските односи со јавноста вклучуваат дијалог – вие треба да ги слушате другите, да ги гледате нештата од нивна перспектива.

Односите со јавноста може да бидат корисни за секоја организација, не заради сензационалната промоција на нејзините постигнувања, туку за да станат покритични кон својата работа. Гледајќи ја организацијата на начинот на кој ја гледаат другите, може да станете подобри и може да бидете сигурни дека на корисниците им ја давате најдобрата можна услуга.

Обуката ќе ви овозможи да стекнете знаења и вештини за практикување на односите со јавноста и да ја зајакнете свеста кај вашите колеги за потребата од континуирана комуникација со вашите публики.

Гонце Јаковлеска

Гонце Јаковлеска

Обучувач

Што ќе научиш преку онлајн обука?

Што претставуваат односите со јавност, кои се целите?

Кои се алатките што се користат во односите со јавноста?

Зошто се важни односите со медиумите и какви алатки се користат во комуникацијата со нив?

Како да подготвите добра презентација?

За кого е наменета оваа обука?

Обуката е наменета за претставници на граѓанските организации 

Потребни предзнаења

За учество во оваа обука не се потребни предзнаења

ЛЕКЦИИ ПО E-MAIL

Откако ќе се регистрираш, предавањата и материјалите од обуката ги добиваш по e-mail

ВИДЕО ЛЕКЦИИ

Предавањата се во видео формат, секое во времетраење од околу 20 минути

ВРЕМЕТРАЊЕ

Онлајн обуката се состои од 3 модули распределени во една недела, добиваш нов модул секој втор ден

ИНТЕРАКЦИЈА

Провери го наученото преку квизови и вклучи се во дискусија со другите учесници

Кои се темите кои се изучуваат на обуката

модул 1

  • Што се подразбира под Односи со јавност – дефиниција
  • Цели на односите со јавост
  • Алатки во односи со јавност
  • Кому му се обраќаат граѓанските организации

МОДУЛ 2

  • Односи со медиуми
  • Зошто се важни за граѓанските организации
  • Начин на комуникација со медиумите
  • Алатки во односите со медиумите

МОДУЛ 3

  • Презентациски вештини
  • Пет чекори кои водат кон добра презентација
  • Невербална комуникација
  • За визуелните помагала
  • Практични препораки во подготовка на презентација

Обучувач: Гонце Јаковлеска

Гонце Јаковлеска има над 25 годишно професионално искуство во областа на развој на граѓанското општество работејќи како проектен соработник, координатор и консултант на повеќе програми и проекти насочени кон дизајнирање, развој и спроведување на програми за градење капацитет и обука за ГО, вклучувајќи оценка на потреби, развој на планови за градење капацитет, дизајнирање и спроведување обуки и менторска поддршка. Клучни области на нејзината експертиза се комуникациски и презентациски вештини, односи со јавност, вештини за фацилитација, обука за обучувачи и сл.
Таа има искуство во обука на различни целни групи и е вешта во употребата на различни обучувачки и презентациски техники со кои обезбедува вклучување на учесниците во процесот на учење.