Иницијативи за застапување на граѓанските организации
Во нашиот континуиран напор да ги поддржиме и поттикнеме граѓанските организации да застапуваат, Ви ја претставуваме Алатката за промовирање и поддршка на иницијативи за застапување на граѓанските организации.
Успехот на дејствувањето на поединци или на групи и организации во насока на поддршка на одредени каузи, идеали или политики, заради постигнување промени, унапредување на одредени состојби во заедницата, промовирање каузи или заради подигање на јавната свест, меѓу другото, во голема мера зависи и од тоа колку се видливи прашањата и колкава е поддршката за нив.
Оваа онлајн алатка се базира на Методологијата за промоција и следење на иницијативите и активностите за застапување спроведувани од ГО, која во синергија со Платформата на ГРЦ за поддршка на ГО, меѓу другото, ќе има за цел да придонесе кон зголемување на видливоста и ширење на информациите за вашите иницијативи, како и поттикнување за здружување на силите со други групи и/или организации кои ја имаат истата заедничка цел.
Искористете ја оваа онлајн алатка за промовирање и поддршка на вашите иницијативи за застапување, за да го привлечете вниманието на јавноста, да ја зајакнете свеста за значењето на прашањето кое го застапувате и да обезбедите партиципативниот во постигнување на позитивните општествени промени кои сакате да ги постигнете.
Информациите што ќе ги пополните ќе бидат јавно достапни на веб-страната на Граѓански ресурсен центар.
Доколку имате потреба од поддршка при пополнување на алатката може да не контактирате на [email protected] во текот на пополнувањето или уште пред да започнете.
Кликни тука за да додадеш нова иницијатива
Собирање на комунален отпад од село Црник
Организација ЖЕНА Делчево
Стратегија за развој на волонтерството во општина Битола 2023-2026 година
Младински културен центар – Битола
Иницијатива за донесување на Закон за млади (Закон за младинско учество и младински политики)
Коалиција на младински органзиации СЕГА