За нас
Визијата на ГРЦ е зајакнато граѓанско општество кое активно учествува во креирање политики и придонесува кон партиципативна демократија.
Мисијата на ГРЦ е поддршка на граѓанските организациите, кои се гласот на граѓаните и суштинскиот чинител на демократијата, за да бидат ефективни, отчетни и одржливи независни чинители.
За проектот
Поддршка од ЕУ за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2 е проект финансиран од Европската Унија и имплементиран од Националната фондација за развој на граѓанското општество Граѓански ресурсен центар, проектните партнери Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ), Гостивар и Медиа плус, Штип и Македонскиот центар за меѓународна соработка како поврзан субјект. Времетраењето на проектот е 02.01.2023-31.12.2026 година со вкупен буџет од еден милион евра. Ова е продолжување на проектот финансиран од Европската унија - Национален ресурсен центар за граѓански организации имплементиран во периодот 15.02.2018-30.10.2021 година.
Општата цел на проектот е зајакнато граѓанско општество кое активно учествува во креирањето политики и придонесува за зајакнување на партиципативната демократија во земјата.
Цел на програмата е зголемен капацитет и отпорност на ГО да бидат компетентни, ефективни и отчетни независни актери и околина која е погодна за граѓанското општество. Клучна целна група се граѓанските организации. Исто така со проектот ќе бидат опфатени и соодветните државни институции и граѓаните воопшто.
Очекувани резултати на програмата се:
- ГО имаат подобри капацитети, долгорочно планирање, одржливост, видливост, застапување, ефективност и работат на потранспарентен и поодговорен начин.
- ГО се подобро информирани, вмрежени и работат на поефикасен начин.
- Поставени се основи за самоодржлива, инклузивна и респонсивна платформа низ целата земја за поддршка на ГО.
- Околината за граѓанското општество е поповолна: граѓанскиот дијалог е подобрен, институциите се позитивни и отворени за иницијативите на ГО.
Информации за спроведувачите на проектот
Националната фондација за развој на граѓанското општество ГРАЃАНСКИ РЕСУРСЕН ЦЕНТАР е фондација основана во јуни 2022 од страна на Македонски центар за меѓународна соработка. Мисија на ГРЦ е поддршка на граѓанските организациите, кои се гласот на граѓаните и суштинскиот чинител на демократијата, за да бидат ефективни, отчетни и одржливи независни чинители. Целна група на ГРЦ се граѓанските организации и граѓаните (луѓето) без разлика на нивната припадност и определеност. Начелата на кои се темели работата на ГРЦ се: независност, одговорност и транспарентност, учество, партнерство, толеранција, одржливост и еднакви можности.
Македонски центар за меѓународна соработка
Македонски центар за меѓународна соработка е граѓанска организација основана во 1993 година која предводи и поттикнува промени во земјата и пошироко преку нови и алтернативни решенија на општествените проблеми. МЦМС веќе 30 е значаен актер на граѓанското општество, кој води програми за институционален развој и организациско јакнење, вклучувајќи застапување за овозможувачка средина, градење на капацитетите, финансиска поддршка и истражување. Покрај тоа, МЦМС дејствува и во секторите на социјална кохезија, локален и рурален развој и добро владеење. Од 1993 г. МЦМС спроведе повеќе од 70 програми со реализирани преку 1.500 проекти во овие сектори. МЦМС во 1998 година ја доби наградата на САД и ЕУ за граѓанско општество и демократија.
Повеќе информации на: www.mcms.mk
Асоцијација за демократски иницијативи
Асоцијација за демократски иницијативи e невладина организација основанa во 1994 година во Гостивар како иницијатива на активисти од градот. Како граѓанско здружение цели кон интеграција на човековите права во политичките, економските и социјалните сфери на општеството. Од своите почетоци АДИ го застапува концептот на еднаквост, недискриминација и промоција на меѓуетничката и мултикултурната толеранција и соработка. Како активна граѓанска организација АДИ има релизирано повеќе проекти и програми за развој на демократијата во државата и владеење на правото, социјална инклузија и развој на граѓанското општество. АДИ е активна членка на неколку домашни и меѓународни мрежи на граѓански организации.
Повеќе информации на www.adimacedonia.org
МЕДИА Плус – Штип
Здружение на граѓани МЕДИА Плус – Штип основано во 2006 година, истражува, анализира и иницира акции и процеси со што влијае и придонесува кон развојот на демократијата и медиумската заедница. Визијата е општество на информирани и едуцирани граѓани, и, силни и независни медиуми, во демократско општество кое негува слобода на говор и отворен дијалог. Приоритети на Здружението се Медиумска писменост, Јакнење на демократијата и граѓанското општество, Медиумска слобода, Промовирање на користење на комуникациски канали и продукција. МЕДИА Плус – Штип, од своето основање, па до денес, редовно работи на јакнењето на демократското општество преку поддршка на медиумите и граѓанските организации, како и охрабрување на учеството на граѓаните во слобода на говор и слобода на изразување.
Повеќе информации на: www.mediaplus.org.mk
Проектен тим
- Александар Кржаловски, проверка на квалитет
- Валентина Величковска, проектен координатор
- Валентина Чичева, експерт за градење капацитет
- Борис Ристовски, соработник за веб-страна и социјални медиуми
- Никола Клековски, проектен соработник
- Борче Јакимовски – соработник за финансии
- Лулзим Хазири, проектен координатор на Ресурсен центар во Гостивар
- Катица Михајловиќ, проектен соработник во Ресурсен центар во Гостивар
- Слободанка Блажевска, проектен координатор на Ресурсен центар во Штип
- Драгана Митровиќ, проектен соработник во Ресурсен центар во Штип
Членови на Управен одбор на ГРЦ
- Елена Кочоска (претседавач)
- Насер Селмани
- Самет Скендери
- Назим Рашиди
- Сања Васиќ
Извршен директор: Валентина Величковска
