Општината Пехчево и жителите на најголемото село во оваа општина (671 жители) с. Црник, не можат да се договорат за главниот комунален проблем – собирањето на отпадот. Жителите одбиваат да ги платат сметките, бидејќи Комуналното претпријатие не го собира отпадот редовно. Како резултат на сето ова имаме река преполна со отпад, ливади кои личат на огромни депонии. Контејнер не може да се сретне никаде. Ова е сликата од селото Црник, гордоста на Општина Пехчево по соживотот, каде на едно место сложно живеат Роми, Турци и Македонци. Црник потклекна пред отпадот, кој се мери во тони. Проблем е и што нема договор за старите долгови со Комуналното Претпријатие, не се потпишуваат новите договори, не е решен ниту проблемот со осветлението во селото. Едноставно, жителите на село Црник не и веруваат на општината и Кмуналното претпријатие и обратно.
Собирањењ на комунален отпад од село Црник
Очекувани резултати, ефекти и/или влијанија од застапувањето:
-Да се потпишат новите договори со Јавното Комунално Претпријатие
-Транспарентно да се решат проблемите со заостанатите долгови
-Да се постават 11 контејнери
-Да се очисти речното корито кое е преполно со ѓубре
-Комуналното претпријатие редовно да го собира отпадот, еднаш неделно
Очекувани ризици од/при застапувањето:
-Да се потпишат новите договори со Јавното Комунално Претпријатие
-Транспарентно да се решат проблемите со заостанатите долгови
-Да се постават 11 контејнери
-Да се очисти речното корито кое е преполно со ѓубре
-Комуналното претпријатие редовно да го собира отпадот, еднаш неделно
Постигнати резултати, ефекти и/или влијанија од застапувањето:
– Се донесе компромис за старите долгови транспарентно
-Потгпишани се новите договори
-Под водство на младите од селои Црник се спроведе акција за чистење на реката, со помош и на општината
-Поставени се 11 контејнери
-Редовно се собира отпадот и камионот за ѓубрењ оди и во најодалечените места на селото
Предизвици со кои се соочивте со застапувањето:
-Отпор од страна на Комуналното Претпријатие заради заостанатите долгови
-Отпор кај дел од селаните кои живеат во повисоките места од селото
-Постоеше недоверба од двете засегнати страни
Потреба од друг вид на поддршка:
неАктивности за спроведување на иницијативата за застапување:
Доволно беаНаправено истражување/анализа/документ за политики/студија на случај:
Креиран е активизам ФотовоисПрикачени документи:
https://rcgo.mk/wp-content/uploads/2025/03/1-otpad-crnik_zoran-bikovski-storija-2-1-1.docxЛинк до документ:
Спроведени состаноци/настани/интервјуа/фокус групи:
На два пати имаме собир на заедницата и две средби на лидерите од селото со локалните власти. Вкупно на овие средби имаше околун 120 лицаИницирани коалиции/мрежи/платформи:
Теретот го изнесе Организација ЖЕНА Делчево со подршка на З.Г: АмброзијаПетиции, писма за поддршка, средби и други настани за мобилизирање на заедницата:
-Изработени се грди еколошки слики од отпадот и беа дадени на аулција- Спроведени се обуки на младите од село Црник за нивно мобилизирање и иницијативност
-Фото воис кампања
Спроведени јавни кампањи:
-Посета од врата до врата со младите лидери од селото, за подигање на свеста за важноста од потпишувањењ на нови договори-Акции 3 за чистење на селото и пред се реката од отпад
Медиумска покриеност:
https://lokalaktiv.mk/2024/05/09/-------/Едукација и градење капацитети:
Спроведени се 3 обуки за млади-Обука за лобирање и застапување
-Градење на иницијативи и мобилизација на заедница
- Улогата на општината
Дисеминација на информации:
н/аШто било успешно, а што неуспешно направено со спроведувањето на иницијативата за застапување
Се постигнаа поставените цели. Беше потребно неколку месеци но се заврши со голем успех.Научени лекции (вклучително и “тесни грла“) од иницијативата за застапување
Се додека не ги вклучивме младите во проектот има после одреден напредок, враќање на чекор наназад. Се додека самата заедница не ја свати тежината на проблемот и проблемот не го чувствува како свој, не може да се постигне целта и одржливост на постигнатото/Препораки
Успехот е можен само ако се вклучат сите засегнати страни и и не сватат дека акцијата не е заради проект туку заради самите нивКои последователни активности се потребни за иницијативата
Месната заедница треба да биде активна и да се грижи за одржливоста.Финансиски средства (или друг вид на поддршка) потребни за последователните активности:
Потребно е континуирано да се делува за да се унапредува квалитетот на живеење и постојано да сте со заедницата. Решението на проблемите е во самата заедница.Организација/мрежа која ја предводи иницијативата:
Организација ЖЕНА ДелчевоДруги граѓански организации/мрежи вклучени во иницијативата:
НВО АмброзијаОрганизација ЖЕНА Пехчево
Други чинители вклучени во иницијативата за застапување:
Бизнис сектор од село ЦрникЦел(и) на иницијативата за застапување:
Застапување за подобрување на обезбедувањето услуги (подобрување на пристапот до основните услуги, подобрување на квалитетот, еднаков пристап до услугите и сл.)Друга цел:
Главна тематска област на која се однесува иницијативата за застапување:
Заштита на животната срединаДруга област:
Локација и ниво на интервенцијата:
село Црник, Општина ПехчевоНиво на интервенцијата:
локалноПочеток:
04/01/2024Крај на иницијативата:
12/06/2024Целни групи кон кои се насочени активностите за застапување:
Жителите на село Црник
Локална Самоуправа Пехчево
Комунално Претпријатие
Корисници кои ќе имаат корист од иницијативата за застапување:
670 жители на село ЦрникОбезбедени финансиски средства: (во МКД)
42000Донатор/извор на финансирање
Локал Актив 27 000Амброзиоја 15 000
Други потребни финансиски средства:
10000Лице за контакт:
Зоран БиковскиТелефон:
072 256 869Е-маил:
[email protected]