fbpx

Грантовска поддршка за граѓанските организации

Во рамки на проектот „ЕУ поддршка на Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“, Граѓанскиот ресурсен центар ќе ги поддржи граѓанските организации преку:

  • Акциски грантови за локални иницијативи, чија цел е зајакнување на локалните организации, стимулирање и зголемување на нивниот придонес во заедницата и јакнење на нивната врска со нивните конституенти и граѓаните, воопшто. Грантовите ќе поддржат иницијативи кои се однесуваат на пошироката заедница и ќе се однесува на прашања кои подразбираат зајакнување на локалната демократија, активното граѓанство и општествената одговорност преку надминување на горливи локални прашања, вклучувајќи, активности за решавање општествени, еколошки, младински, социјални, родови и други предизвици кои се од интерес на локалната заедница. Овие грантови ќе бидат доделени преку два јавни повици, кои е планирано да бидат објавени во 2024 и 2025 година.

Повик за Акциски грантови за локални иницијативи [Објавен на 2.9.2024 со рок до 30 октомври 2024 година,  најдоцна до 17:00 часот]

Во периодот 2019-2021 Граѓанскиот ресурсен центар ги поддржи граѓанските организации преку три вида на грантови:

  • Мали партнерски грантови за организациски развој, чија цел е поттикнување на партнерства, заедничкото учење, споделувањето на искуства преку заеднички грантови на грас рут (grass root) и помалку развиени организации со развиени организации.
  • Мали акциски грантови за поддршка на национални и локални инцијативи за менување на политики, застапување и лобирање, чија цел е зајакнување на грас рут организациите, поттикнување на нивниот придонес во заедницата и зацврстување на нивните врски со конституентите преку поддршка на нивните иницијативи за застапување и лобирање за важни локални прашања.
  • Вонреден повик за доделување грантови за итни интервенции, чија цел е граѓанските организации да придонесат кон поголема солидарност со јавноста и кон справување со предизвиците и последиците од Ковид-19 и вонредната состојба во државата. Поддржаните итни активности беа насочени кон најранливите категории на граѓани, особено на локално ниво.

Вонреден повик за доделување грантови за итни интервенции [Објавено на 8.4.2020]

Повик за доделување мали акциски грантови за застапување [Објавено на 10.9.2019]

Јавен повик до граѓански организации за доделување грантови [Објавено на 8.4.2019]