Анализи за овозможувачка околина за ГО

Следењето на состојбите и трендовите во граѓанското општество се од голема важност за дефинирање на опкружувањето и капацитетите на организациите, како и за насочување за идните политики и потреби од интервенција. Следствено, на годишно ниво Граѓанскиот ресурсен центар подготвува анализа и извештај за овозможувачката околина за развој на граѓанското општество во Македонија.

Покрај редовната годишна анализа на состојбите во граѓанското општество, по потреба Граѓанскиот ресурсен центар спроведува и други анализи релевантни за делувањето на граѓанските организации, а пред се за правната и фискалната рамка. Анализите опфаќаат компаративен и национален преглед, со јасни препораки за подобрување на регулативата.

Спроведување на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество 2022-2024 – Извештај за спроведување на активностите во 2023

Овој извештај се однесува на спроведувањето на Акцискиот план и Стратегијата за соработка меѓу Владата и граѓанското општество во 2023 година. Извештајот се базира на онлајн истражување и пребарувања, анкета со 277 граѓански организации и интервјуа со граѓански организации и релевантни државни институции.

Огледало на Владата: Учество на јавноста во процесите на подготовка на закони – Годишен извештај 2023

Оваа публикација е алатка која треба да им послужи на граѓанските организации, државните службеници и општо на јавноста да се информираат за отвореноста на органите на државната управа и да ги зголемат знаењата и можностите за вклучување во процесите на подготовка на закони. Оваа анализа се подготвува по шести пат.

Огледало на владата - извештај

Анализа на работата на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество во 2022

Анализата дава краток преглед од зачетоците на идејата за креирање на Советот, формирањето на Советот и неговото функционирање до крајот на 2022 година. Посебен фокус и детално е разработено неговото функционирање во 2022 година и спроведувањето на Програмата за работа на Советот за 2022.

    Огледало на Владата: Учество на јавноста во процесите на подготовка на закони – Годишен извештај 2022

    Оваа публикација е алатка која треба да им послужи на граѓанските организации, државните службеници и општо на јавноста да се информираат за отвореноста на органите на државната управа и да ги зголемат знаењата и можностите за вклучување во процесите на подготовка на закони. Оваа анализа се подготвува по петти пат.

    Огледало на владата - извештај

    Извештај за овозможувачката околина за развој на граѓанското општество 2022

    The report monitors the state of CSOs’ enabling environment with respect to the three key areas:
    – Basic legal guarantees of freedoms
    – Framework for CSO financial sustainability
    – Government-CSOs relationships
    овозможувачка околина 2019

    Извештај за овозможувачката околина за развој на граѓанското општество 2021

    Состојбата на граѓанското општество во 2021 г. не прогресираше и продолжи да дејствува во релативно овозможувачка околина. Основните слободи на здружување, собирање и изразување беа законски загарантирани и генерално заштитени. Меѓутоа, во 2021 година, повторно се соочија организаците со одредени предизвици. Имено, процесот на измени и дополнувања на Законот за здруженија и фондации не започна во 2021 година иако се очекуваше. Исто така, одредбите од Кривичниот законик продолжуваат да претставуваат одредени ризици за слободата на здружување. Поради кризата СОВИД-19, обезбедувањето финансиски средства беше предизвик за граѓанските организации имајќи предвид дека државата не предвидуваше мерки за поддршка на ГО.

    Огледало на Владата: Учество на јавноста во процесите на подготовка на закони – Годишен извештај 2021

    Оваа публикација е алатка која треба да им послужи на граѓанските организации, државните службеници и општо на јавноста да се информираат за отвореноста на органите на државната управа и да ги зголемат знаењата и можностите за вклучување во процесите на подготовка на закони. Оваа анализа се подготвува по четврти пат.

    Огледало на владата - извештај
    овозможувачка околина 2019

    Извештај за овозможувачката околина за развој на граѓанското општество 2020

    Почетокот на 2020 година не навестуваше дека ќе ја имаме една од најголемите кризи со кои се соочи светот во последните децении, што ќе има сурово и многу големо влијание врз целиот свет, вклучително и нашата земја. Првиот официјален случај на КОВИД-19 во Северна Македонија беше откриен во февруари 2020 година и оттогаш, бројот на заразени со овој вирус секојдневно се зголемуваше, што доведе до тоа да се преземат многу мерки кои ја оформуваат годината како една од најтурбулентните воопшто.

    Огледало на Владата: Учество на јавноста во процесите на подготовка на закони

    Оваа публикација е алатка која треба да им послужи на граѓанските организации, државните службеници и општо на јавноста да се информираат за отвореноста на органите на државната управа и да ги зголемат знаењата и можностите за вклучување во процесите на подготовка на закони. Оваа анализа се подготвува по четврти пат.

    Огледало на владата - извештај
    овозможувачка околина 2019

    Извештај за овозможувачката околина за развој на граѓанското општество 2019

    2019 беше историска година за развојот на земјата. Турбуленцијата на социо-политичките настани значително ги обликуваше околината и работењето на граѓанското општество. 2019 година беше значајна кога станува збор за вклучување на ГО во процесите на креирање на закони и политики. Сеопфатната реформа на државното финансирање за поддршка на долгорочното работење на граѓанските организации напредуваше бавно.

    Анализа на работата на Совет за соработка со и развој на граѓанскиот сектор

    Намерата на МЦМС со оваа публикација е да придонесе кон унапредување на работата на Советот, како највисоко тело во мешовит состав со мандат да иницира и дискутира политики важни за целиот граѓански сектор. Анализата е наменета за сите чинители од граѓанскиот сектор, пред се за членовите на Советот од редовите на граѓанските организации, а секако и претставниците на органите на државна управа. 

    Анализа на работата на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор
    Извештај за следење на овозможувачката околина за развој на граѓанското општество во Македонија во 2018

    Околината во која дејствуваше граѓанското општество во текот на 2018 година беше значително унапредена за граѓанските организации. Позитивните наоди се значајни, особено имајќи предвид дека по шест циклуси следење на овозможувачката околина, за првпат се регистрирани бројни постигнувања во насока на поддршка и развој на граѓанскиот сектор.

    ИЗВЕШТАЈ ОД АНКЕТА ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА НА МРЕЖИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

    Во овој извештај се презентирани наодите од онлајн-анкета, во која учествуваа 113 граѓански организации, а се спроведе во декември 2018 г. Анкетата имаше за цел идентификување на мрежите, коалициите и други здружувања на граѓански организации, како и директен придонес кон остварување на целта од Стратегијата на Владата на Република Македонија за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, за 2018-2020 г. што ќе придонесе кон активно вклучување на тематските мрежи на граѓански организации во работни групи за изработка на прописи и стратешки документи кои ги подготвува Владата и другите органи на државната управа.

    Извештај за следење на овозможувачката околина за развој на граѓанското општество во Македонија во 2017

    Извештајот ги следи состојбите во околината во која дејствува граѓанското општество во рамките на рамките на трите клучни области:

    • Основни загарантирани законски слободи;
    • Рамка за финансиска одржливост на граѓанските организации;
    • Односот меѓу Владата и граѓанските организации.