Одржливоста и кредибилитетот на секоја граѓанска организација зависат од степенот на нејзиното добро управување, транспарентност и отчетност. Организациите кои ги применуваат овие принципи уживаат поголема доверба од заедницата, донаторите и институциите, а со тоа го зголемуваат и своето општествено влијание.
Оваа алатка за самооценување е наменета за организациите како навигатор– не само за да проверат што е веќе воспоставено, туку и за да ги води низ процесот на подобрување на своите практики. Со нејзина помош организациите можат:
- да направат самопроверка на постојните практики во своето работење;
- да ги идентификуваат силните страни и областите каде што е потребно подобрување;
- да добијат јасна слика за нивото на транспарентност, отчетност и добро управување,
- да дефинираат приоритети и да побараат менторска поддршка од Граѓанскиот ресурсен центар за понатамошен организациски развој.
Алатката е наменета за сите граѓански организации. Со користење на оваа алатка, организациите не само што ќе ја унапредат сопствената внатрешна култура на отчетност и интегритет, туку и ќе придонесат кон зајакнување на довербата во граѓанските организации.
За било какви прашања поврзани со самооценката, ве молиме обратете се на: [email protected].
Алатката се состои од три области, а во секоја област се наведени прашања. За секое прашање означете:
- Да – целосно воспоставено
- Делумно – има напредок, но потребни се подобрувања
- Не – сè уште не е воспоставено