Обезбедување простор

Трите ресурсни центри им ги ставаат на располагање сопствените простории на организациите кои немаат сопствени канцеларии или немаат финансиски средства за изнајмување. Просториите на ресурсните центри главно се наменети за граѓанските организации. Предност при организирање на настани ќе имаат помалите граѓански организации кои ги исполнуваат следните критериуми:
  • Организацијата е основана во последните 3 години
  • Годишен буџет до 2.500 евра
  • Има спроведено најмалку 2 активности во последната година
  • Организацијата нема сопствени простории или финансиски средства за изнајмување на простор
Предност ќе имаат организациите кои спроведуваат проекти финансирани од Европската Унија, доколку во буџетот немаат планирано средства за изнајмување на простор. Покрај за граѓанските организации, просториите се достапни и за државни институции, неформални групи и активисти за организирање на нивни настани. Целта и темата на настанот треба да биде поврзана со граѓанското општество, овозможувачкото опкружување за граѓанските организации, градењето капацитети, едукацијата и подигањето на свеста на целните групи (или корисниците) на граѓанските организации. За користење на просториите, пополнете го соодветното барање:

Просториите не смеат во ниеден случај да се користат за организирање настани кои поттикнуваат, шират или повикуваат на верска, национална, меѓуетничка или друга омраза и нетрпеливост, немири, кршење на основните човекови права и слободи. Граѓанскиот ресурсен центар го задржува правото да не даде согласност за користење на просториите или пак да прекине настан доколку дојде до кршење на горенаведените услови.

Дополнително, просториите располагаат со ЛЦД проектор, лап-топ за презентирање и флип-чарт табла.

 

КАПАЦИТЕТ НА ПРОСТОРИТЕ

Ресурсен центар – СКОПЈЕ

КИНО СИСТЕМ: 30 лица ТРКАЛЕЗНА МАСА: 20 лица П СИСТЕМ: 15 лица

Ресурсен центар – ГОСТИВАР

КИНО СИСТЕМ: 18 лица ТРКАЛЕЗНА МАСА: 12 лица

Ресурсен центар – ШТИП

КИНО СИСТЕМ: 25 лица ТРКАЛЕЗНА МАСА: 12 лица