Поддршка на институции
Постоењето на соодветна институционална рамка е многу важен предуслов за развој на граѓанските организации. Затоа Граѓанскиот ресурсен центар обезбедува поддршка и за клучните релевантни државни институции и тела.
Советот за соработка со и развој на граѓанското општество е советодавно тело на Владата за унапредување на соработката, дијалогот и поттикнување на развојот на граѓанското општество во државата.
Советот е формиран во април 2018 година и е составен од 31 член назначени од Владата (15 членови од редот на вработените во органите на државната управа а 16 членови се претставници на здруженија и фондации). Граѓанскиот ресурсен центар ќе обезбеди поддршка на новоформираниот Совет врз основа на проценката на нивните потреби.
Поддршката на релевантните државни тела нема да биде ограничена само на Советот туку ќе опфати и други тела како Одделението за соработка со НВО, мрежата на државни службеници за следење на спроведувањето на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор итн.
Извештај од анкетата за идентификација на мрежите во државата 2018
ГРЦ спроведе онлајн-анкета за мапирање на мрежи на ГО, во која учествуваа 113 граѓански организации, а беа идентификувани вкупно 69 активни мрежи кои дејствуваат на територијата на Македонија.
Анкетата имаше за цел:
– Идентификување на мрежите, коалициите и други здружувања на граѓански организации,
– Директен придонес кон спроведување на Стратегијата што ќе придонесе кон активно вклучување на тематските мрежи на граѓански организации во работни групи за изработка на прописи и стратешки документи кои ги подготвува Владата и другите органи на државната управа