ГРЦ АКАДЕМИЈА: Онлајн обуки за граѓанските организации

ГРЦ Академија e дигитална и интерактивна образовна алатка наменета за граѓанските организации. Преку онлајн ресурси тие ќе ги продлабочат знаењата за темите кои се од важност за зајакнато, функционално и одржливо граѓанско општество.

Дизајнирана е да може да се вклопи во сечиј дневен распоред и да го олесни процесот на учење. На овој начин, вработените во граѓанските организации, активистите и волонтерите ќе развијат експертиза и нови вештини за темите од нивен интерес, а уште поважно, ќе инвестираат во својот личен развој.

Со самото пријавување учесниците добиваат пристап до ресурсите за учење. Тие вклучуваат кратки видео предавања, квизови, ресурсни материјали и можност за дискусија со други учесници. Обуките се водени од инструктори кои се професионалци во полето на кое предаваат и содржините ги прилагодуваат врз актуелните текови.

Погледни ги обуките и стани член на ГРЦ Академија! Приклучи се на заедницата која учи онлајн.

Обука за пишување проектна апликација

Обука за планирање проекти и пишување проектна апликација

Обуката е дизајнирана за да научите како да ја развиете вашата идеја во проектна апликација. 

Обуката е организирана во 6 модули во видео формат, секое во времетраење од околу 30 минути, распределени во 2 недели. 

Предложи обучувач или тема за онлајн обука

Сакаш да слушаш онлајн обука која не е опфатена од ГРЦ Академијата? Сподели го предлогот со нас за да можеме да им излеземе во пресрет на сите кои ги споделуваат твоите интереси.
Предложи обучувач и тема за онлајн обука

Обука за управување со проекти

Оваа напредна обука има за цел да допринесе во зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за спроведување на проекти и истата е наменета за организации кои имаат претходно искуство во спроведување на проекти или во моментов спроведуваат проект, а пред сѐ проекти финансирани од Европската унија.

 

Слушателите ќе ги надоградат своите знаења и вештини на следните теми: клучни активности во управување со проекти, управување со буџетот, проектна администрација, мониторинг, финансиско и наративно известување, набавки, видливост, итн.

Обуката за управување со проекти ја води Андреја Тонч, меѓународен експерт со повеќе од дваесет годишно професионално искуство во областа.

Share This