Во Општина Струга, работата на Комисијата за односи меѓу заедниците е недоволно дефинирана и без суштинско влијание врз креирањето и следењето на политики поврзани со етничките заедници. Комисијата нема усвоен деловник за работа, ниту јасно определени надлежности, што резултира со формално постоење, но реална нефункционалност. Во општинската администрација не постои систематизирано работно место задолжено за соработка со помалите етнички заедници, што дополнително ја засилува нивната маргинализација. Недостасува воспоставен и двонасочен комуникациски механизам меѓу Комисијата, Советот и извршната власт на општината, а нема и локална стратегија за заедниците која би ги насочувала институционалните одговори на нивните потреби.
Оваа иницијатива има за цел да поттикне институционално зајакнување на Комисијата преку:
- донесување деловник за работа;
- дефинирање на надлежности;
- воспоставување канал на комуникација со општината;
- иницирање систематизирана позиција за координатор за етнички заедници;
- развој на стратегија за интеретничка кохезија и инклузија.
