Иницијатива за донесување на Закон за млади (Закон за младинско учество и младински политики)

Оваа иницијатива се однесува на процесот на подготовка и донесување на Закон за млади во Северна Македонија, кој започна во јануари 2011 година. Агенцијата за млади и спорт подготви иницијатива со експертска поддршка од Коалиција СЕГА, врз основа на истражување за младинските трендови и компаративна анализа на европската и домашната легислатива.

Основните цели на законот беа:

• Развој и спроведување на младински политики на сите нивоа.

• Поддршка на младинското организирање и учество во јавниот живот.

• Промоција на волонтерството, солидарноста и етиката во младинските активности.

Првичниот предлог-закон беше ставен на дневен ред на Собранието во јуни 2011 година, но поради јавни критики беше повлечен во октомври 2011 година, со цел да се вклучи пошироката јавност во процесот. Организирани беа 12 јавни дискусии низ државата, а заклучоците од истите беа доставени до институциите.

Процесот беше повторно оживеан во март 2018 година од страна на Клубот за младински прашања и политики, при што беше формирана нова работна група со претставници од институциите, младинските организации и политичките подмладоци. Работната група работеше на предлог текст кој беше резултат на широки консултации.

Законот за младинско учество и младински политики беше конечно усвоен од Собранието на 14 јануари 2020 година, претставувајќи значаен чекор за унапредување на младинските политики и учество во земјата.

Очекувани резултати, ефекти и/или влијанија од застапувањето:

Да се иницира процес на донесување на закон кој ќе придонесе кон унапредување на младинските политики и учество во земјата.

 

Очекувани ризици од/при застапувањето:

Да се иницира процес на донесување на закон кој ќе придонесе кон унапредување на младинските политики и учество во земјата.

 

Постигнати резултати, ефекти и/или влијанија од застапувањето:

Десет годни после иницијативата беше усвоен Законот за младинско учество и младински политики

Предизвици со кои се соочивте со застапувањето:

Недостаток на политичка воља, партиски влијанија врз граѓанскиот сектор.

Потреба од друг вид на поддршка:

н/а

Активности за спроведување на иницијативата за застапување:

После повлекувањето на законот од собраниска процедура подготвивме нова кампања која имаше за цел враќање на законот повторно во собрание и негово усвојување.

Направено истражување/анализа/документ за политики/студија на случај:

Истражување за младинските трендови (Коалиција СЕГА во 2010 година)
Компаративната анализа на домашната и европската легислатива која го регулира прашањето на младите (Коалиција СЕГА во 2010 година)

Прикачени документи:

https://rcgo.mk/wp-content/uploads/2025/02/komparativna-analiza-na-domasnata-i-evropskata-legislativa-koja-go-ureduva-statusot-na-mladite.pdf

Линк до документ:

Спроведени состаноци/настани/интервјуа/фокус групи:

Организирани 12 регионални дискусии со учество на 72невладини организации, 4 политички подмладоци, 25 средношколски и студентски организации, претставници на локална самоуправа, Министерство за правда, Собрание на Р.М., Кабинет на претседателот, Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

Иницирани коалиции/мрежи/платформи:

н/а

Петиции, писма за поддршка, средби и други настани за мобилизирање на заедницата:

Јавни настани

Спроведени јавни кампањи:

Јампања на традиционлани медиуми, гстувања на национални ТВ станици
Кампања преку социјални мрежи

Медиумска покриеност:

https://www.youtube.com/watch?v=tOufiIx6oj8
https://www.youtube.com/watch?v=nqKR3fgaMj8
https://www.youtube.com/watch?v=Y_SkfwaBtT0
https://www.youtube.com/watch?v=Qfv0EjHKM1o
https://www.youtube.com/watch?v=PZpT97y26Lw
https://www.youtube.com/watch?v=XcCKj2c3mqs
https://www.youtube.com/watch?v=j8HRguASQus

https://www.youtube.com/watch?v=X3wEdzfBg7g
https://www.youtube.com/watch?v=pTHLiTpDLM0
https://www.youtube.com/watch?v=3moLoWXWZYg
https://www.youtube.com/watch?v=a1pyRKIPdJ4
https://www.youtube.com/watch?v=Que581IF7Ic
https://www.youtube.com/watch?v=5Ave078Sv8E
https://www.youtube.com/watch?v=ojsZP2-f9hQ
https://www.youtube.com/watch?v=7pUOS80Imv8
https://www.youtube.com/watch?v=bMmtXkX1yfk
https://www.youtube.com/watch?v=tf-gp_mHY4I
https://www.youtube.com/watch?v=hrsOLbiEOB4

Едукација и градење капацитети:

н/а

Дисеминација на информации:

н/а

Што било успешно, а што неуспешно направено со спроведувањето на иницијативата за застапување

Со цел да се добијат забелешки за подобрување на предлог текстот за Законот за млади организиравме кампања за застапување, преку кој сакавме Предлог законот да го вратиме назад во собраниска процедура. За таа цел, организиравме 12 дискусии за предлог текстот за Законот за млади (Прилеп, Кисела Вода, Карпош, Кавадарци, Неготино, Охрид, Струга, Битола, Тетово, Струмица, Штип и Национална дискусија во Скопје) и медиумски гостувања на локалните телевизии. Овие дискусии беа организирани во соработка со организациите членки на Коалиција СЕГА, а фасилитирани од страна на претставници на Коалиција СЕГА. На јавните дискусии присуствуваа 384 учесници – претставници на 72невладини организации, 4 политички подмладоци, 25 средношколски и студентски организации, претставници на локална самоуправа, Министерство за правда, Собрание на Р.М., Кабинет на претседателот, Национална агенција за европски образовни програми и мобилност. Од јавните дискусии беа извлечени предлози, забелешки од учесниците, кои што беа ставени во еден документ и презентирани на националната дискусија. Следен чекор во оваа насока е подготвување на Компаративен преглед на влијанието на забелешките врз Предлог законот. Документот со добиените забелешки ќе го доставиме до институциите на системот – Министерство за правда, како би поттикнале процес на враќање на ревидираниот предлог текст од Законот за млади во собраниска процедура на повторно разгледување.

Научени лекции (вклучително и “тесни грла“) од иницијативата за застапување

Иницијативата започна во 2010 година, како потреба од уредување на правото на младинско учество и младинско органзиарање. Почетно беа подготвени две истражувања кои ја поткрепуваат потребата од донесување на законско уредување. Процесот на застапување се водеше според планот т.е. базирано на барањето доставено во агенцијата за млади и спорт во 2010 година беше подготвена Информација за владина седница на база на што во јануари 2011 год владата донесе одлука за подготвика на Закон за млади. Планот за застапување понатаму се реализираше успешно, беа организрани серијали од дискусии со вклучување на сите засегнати страни, формирана работна група со вклучување на граѓански секотр и експерти. Согласно предвидената методологија и процедурите предлог законот беше поднесен до собранието на РМ, а потоа беа организрани комисиски расправи внатре во собранието.
Поради тогашните политички делувања на опозицијата и грагански активисти, а подоцна и грагаѓснки органзиации, започнаа серија на ротести под името „Шарена револуција“. Барајќи различни причини за несогласување со владините политики, активиститие го проблематизираа и Законот за млади, со што стана лесена приказна за да се прикаже и незадоволството за „нетраспарентното“ носење на законот од страна на владата. Организирањето на серија на протести и реакции против законот придонесе владата да го повлечи законот за млади од собраниска процедура. Потребни беа 10 години за да се отвори нов процес за отворање на истото прашање и усвојување на истиот закон. За да се избегни можноста од поистоветување на процесот новата политичка гарнитура предложи ново име на законот, наместо Закон за млади истиот да се вика Закон за младинско учество и младински политики.

Препораки

Главната научена лекција од овој процес е дека за успешно застапување потребен е процес и време, кои секогаш ќе зависат од политичката воља на владата и парламентот. Овие надворешни влијанија несекогаш можат да бидат контролирани од граѓанскиот сектор, што всушност и е невозможно во демократскиот контекст, па затоа неопходно е постојана координација, информирање и обезбедување на поддршка од страна на сите политички субјекти, во смисла на главните позициски и опозициски партии во државата, а секогаш држеќи ја линијата на надпартиски интерес на прашањата за кои се застапуваат.

Кои последователни активности се потребни за иницијативата

Посотјано градење на мреќа на поддржувачи која ја сочинуваат конституентите, но неисклучуваќи ги владините институции и политичките партии.

Финансиски средства (или друг вид на поддршка) потребни за последователните активности:

Во согласност со планот за последователни активности.

Организација/мрежа која ја предводи иницијативата:

Коалиција на младински органзиации СЕГА

Други граѓански организации/мрежи вклучени во иницијативата:

72невладини организации

Други чинители вклучени во иницијативата за застапување:

Локални самоуправи

Цел(и) на иницијативата за застапување:

Застапување за промена на политика или законска рамка (влијание врз измена, воведување или укинување на политики и одлуки на локално или централно ниво, закони и регулативи за решавање на општествени прашања или подобрување на животот на заедницата, итн.)

Друга цел:

Главна тематска област на која се однесува иницијативата за застапување:

Деца, млади

Друга област:

Локација и ниво на интервенцијата:

Национално ниво

Ниво на интервенцијата:

национално

Почеток:

14/01/2011

Крај на иницијативата:

14/01/2020

Целни групи кон кои се насочени активностите за застапување:

Млади, младински органзиации, влада, пратеници во собранието

Корисници кои ќе имаат корист од иницијативата за застапување:

Млади, младински органзиации

Обезбедени финансиски средства: (во МКД)

300.000

Донатор/извор на финансирање

ЦИВИКА Мобилитас

Други потребни финансиски средства:

300.000

Лице за контакт:

Зоран Илиески

Телефон:

078470400

Е-маил:

[email protected]