Обука за Добро управување во граѓанските организации

Оваа онлајн обука ќе им помогне на граѓанските организации да го зголемат своето знаење за елементите на добро управување во својата организација, поделбата на функциите, организирање на процесите на одлучување и воспоставањето на интерни процеси и практики базирани на приципите на добро управување.

Сунчица Саздовска

Сунчица Саздовска

Обучувач

Што ќе научиш преку онлајн обука?

Кои се клучните аспекти и придобивките од добро управување во граѓанските организации?

Како се прави поделба на функциите во организацијата?

Како се осигурува ефективно раководење со финансии и луѓе во вашата организација?

За кого е наменета оваа обука?

Обуката е наменета за претставници на граѓанските организации 

Потребни предзнаења

За следење на оваа обука не се потребни предзнаења

ЛЕКЦИИ ПО E-MAIL

Предавањето и материјалите ќе ги добиеш по e-mail

ВИДЕО ЛЕКЦИИ

Предавањето е во видео формат, може да се следи на било каков уред

ВРЕМЕТРАЊЕ

Обуката се состои од еден модул во времетраење од околу 10 минути

ИНТЕРАКЦИЈА

Провери го наученото преку онлајн квиз за проверка на знаењето

Обучувач: Сунчица Саздовска

Сунчица Саздовска има над 20 годишно професионално искуство во областа на развој на граѓанското општество работејќи како проектен менаџер и консултант на многу програми и проекти насочени кон дизајнирање, развој и спроведување на програми за градење капацитет и обука за ГО, вклучувајќи оценка на потреби, развој на планови за градење капацитет, дизајнирање и спроведување обуки, менторска поддршка и фацилитирање на процеси на организациски развој и институционално јакнење. Клучни области на најзината експертиза се проектен менаџмент, стратешки менаџмент и стратешко планирање, мониторинг и евалуација, раководење со човечки ресурси и организациски развој.