Обука за Планирање проекти и пишување проектна апликација

Обуката е дизајнирана за да научите како да ја развиете вашата идеја во проектна апликација. Постапно ќе поминете низ сите точки на една вообичаена апликација за добивање грант, и ќе бидете поттикнати аналитички да пристапувате на повиците. Ќе ги разберете подобро критериумите за оценка и ќе утврдите на што да посветите повеќе внимание при пишување на апликацијата. Стекнатото знаење од обуката можете да го примените веднаш по нејзиното завршување и да конкурирате на првиот следен отворен повик.

Сунчица Саздовска

Сунчица Саздовска

Обучувач

Што ќе научиш преку онлајн обука?

Да составиш успешна проектна апликација за добивање грант

Да ја развиеш проектната идеја

Да го употребиш пристапот на логичка рамка

Да планираш индикатори за проверка на успехот на проектот

За кого е наменета оваа обука?

Обуката е наменета за претставници на граѓанските организации 

Потребни предзнаења

За учество во оваа обука не се потребни предзнаења

ЛЕКЦИИ ПО E-MAIL

Откако ќе се регистрираш, предавањата и материјалите од обуката ги добиваш по e-mail

ВИДЕО ЛЕКЦИИ

Предавањата се во видео формат, секое во времетраење од околу 30 минути

ВРЕМЕТРАЊЕ

Онлајн обуката се состои од 6 модули распределени во 2 недели, добиваш нов модул секој втор ден

ИНТЕРАКЦИЈА

Провери го наученото преку квизови и вклучи се во дискусија со другите учесници

Моето искуство со онлајн обуката беше одлично затоа што можев да ја прилагодам на мојот личен распоред и не морав да губам денови од работа за да присуствувам. Личен недостиг ми беше подготовката на буџетот, па драго ми е што добив корисни и практични објаснувања околу него.

Александра Сиљановска

Одлична обука, прекрасен пристап на обучувачот. Одлична содржина. Препораките се добри. Јасно е дека целата постапка за подготовка на проект мора да биде конзистентна и тимски спроведена. Затоа видеата и насоките ќе ги разгледаме тимски и ќе ги користиме внимателно чекор по чекор.

Илија Глигоров

Кои се темите кои се изучуваат на обуката

модул 1

  • Поим за проект
  • Проектен циклус и фази на проектниот циклус

МОДУЛ 2

  • Развој на проектна идеја
  • Анализа на проблеми, анализа на цели и избор на проектна стратегија

МОДУЛ 3

  • Пристап на логичка рамка
  • Развој на логика на интервенција
  • Претпоставки, предуслови и утврдување на ризиците за проектот

МОДУЛ 4

  • Планирање на индикатори за проверка на успехот на проектот
  • Извори за верификација и прибирање податоци

МОДУЛ 5

  • Повици за доставување проектни предлози
  • Упатство за Апликанти за поднесување проектни предлози
  • Критериуми и процедури за оценка на проектните предлози

МОДУЛ 6

  • Апликациска форма и нејзино пополнување
  • Совети за пишување проектна апликација

Листа за проверка при проектно планирање

За олеснето и подобро структурирано планирање и подготовка на проектна апликација Граѓанскиот ресурсен центар ви нуди Листа за проверка при проектно планирање. Оваа алатка содржи четири поголеми секции на прашања кои ве водат низ процесот на проектно планирање и по потреба ви обезбедуваат повеќе детали, потребни насоки, совети и ресурси.

Обучувач: Сунчица Саздовска

Сунчица Саздовска има над 20 годишно професионално искуство во областа на развој на граѓанското општество работејќи како проектен менаџер и консултант на многу програми и проекти насочени кон дизајнирање, развој и спроведување на програми за градење капацитет и обука за ГО, вклучувајќи оценка на потреби, развој на планови за градење капацитет, дизајнирање и спроведување обуки, менторска поддршка и фацилитирање на процеси на организациски развој и институционално јакнење. Клучни области на најзината експертиза се проектен менаџмент, стратешки менаџмент и стратешко планирање, мониторинг и евалуација, раководење со човечки ресурси и организациски развој.