Повик за Акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025

21 Фев 2025

Општата цел на овој повик е да придонесе за зајакнување на демократијата во Република Северна Македонија преку подобрен изборен процес со фокус на зголемена транспарентност, кредибилитет и инклузивност.

Конкретна цел на овој повик е да ги зајакне граѓанските организации во нивното активно учество и ангажираност за инклузивни, транспарентни и отчетни локални избори со фокус на учеството на жените, младите и маргинализираните групи.

Во најава на претстојните Локални избори во 2025 година во земјата, овој повик има за цел да ги поддржи иницијативите кои ги зајакнуваат демократските практики и промовираат фер и инклузивни изборни процеси со вклученост на граѓанското општество во набљудувањето на изборите.

Акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025

Целокупниот износ на финансиски средства кој е на располагање во рамките на овој повик за грантови изнесува 110.000 евра.

Со овој повик ќе се доделат 11 грантови, каде износот на секој поединечен грант може да биде:

  • минимален износ: 9.000 евра;
  • максимален износ: 10.000 евра.

Организациите кои ќе поднесат апликација на овој повик не се обврзани да обезбедат кофинансирање. Грантот ќе покрие 100% од вкупните подобни трошоци.

Времетраењето на акцијата не може да биде пократко од 9 месеци ниту подолго од 12 месеци.

Рокот за поднесување на апликација е 10 април 2025 година, најдоцна до 17:00 часот (македонско време).

Апликациите треба да се достават исклучиво на следнава е-пошта: [email protected] како единствена е-порака со наслов „Повик за апликации – акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025“.

Целосните информации во однос на целите и очекуваните резултати од повикот, условите за аплицирање, подобните активности и начинот на аплицирање може да ги најдете во Упатството за аплицирање.

Потребни документи

Пополнет формулар за аплицирање (преземи го формуларот тука) и следниве прилози:

  • Прилог 1: Буџет со оправдување на буџетот (1а. Буџет и 1б. Оправданост на буџет)
  • Прилог 2. Доказ за правен статус на апликантот и ко-апликантот (доколку има). Доказ за правен статус е потврда за тековната состојба издадена од Централниот регистар, не постара од шест месеци, сметајќи наназад од датумот на поднесување на апликацијата. Се прифаќаат и скенирани верзии.
  • Прилог 3. Скенирана Изјава од апликантот (уредно пополнета и потпишана од неговиот законски застапник – Точка 7 од Формуларот за аплицирање: Изјава на организацијата- Апликант).
  • Прилог 4. Скенирана Изјава/и од ко-апликантот/те (ако има) (уредно пополнета/и и потпишана/и од нивниот законски застапник(ци) – Точка 8 од Формуларот за аплицирање: Изјава на организацијата- Ко-апликант)
  • Прилог 5. Годишни наративни извештаи и финансиски извештаи за апликантот и ко-апликантот(ите) (ако ги има) за последните две години (2023 и 2024 година).

Секое прашање поврзано со повикот може да се достави на следнава е-пошта: [email protected] со назнака: Прашање за повик со референтен број 08-20/1-2025, најдоцна до 20 март 2025 г. до 17:00 часот (македонско време).

Прашања и одговори

[НАСКОРО] Одговори на поставени прашања во врска со повикот за Акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025

Информативни сесии

За овој повик на предлози е предвидена една онлајн информативна сесија на 04 март 2025 г. во 11:00 часот.

Акциските грантови за поддршка на локалните избори 2025 се дел од проектот „ЕУ поддршка на Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“ финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка, Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар.

Повик за избор на членови на Советодавна група

Повик за избор на членови на Советодавна група

Граѓанскиот ресурсен центар објавува повик за избор на членови на Советодавна група на ресурсните центри. Овој повик е дел од проектот ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2, финансиран од Европската Унија и спроведуван од Фондацијата Граѓански ресурсен...

ОНЛАЈН обука за дигитална трансформација на граѓанските организации

ОНЛАЈН обука за дигитална трансформација на граѓанските организации

Граѓанскиот ресурсен центар во рамки на проектот  “ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, објавува отворен повик за учество на онлајн обука за дигитална трансформација на граѓанските организации што...

Одржана информативна сесија за повикот за Акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025

Одржана информативна сесија за повикот за Акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025

На 4-ти март 2025 се одржа онлајн информативна сесија за повикот за Акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025. Настанот привлече претставници од над 60 претставници на граѓански организации, кои имаа можност да се запознаат со условите и критериумите за...