На 3 октомври, во Градскиот парк во Скопје, Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) учествуваше на Фестивалот на граѓански организации, организиран во рамките на Цивика Мобилитас.
Пред граѓаните се претставивме со слоганот „Јас, граѓанинот“, порака дека секоја промена во општеството започнува од нас, од секој граѓанин поединечно. Кога ќе кажеме „јас“, преземаме одговорност: да прашаме, да се вклучиме, да волонтираме, да се организираме и да влијаеме врз заедницата во која живееме.
На нашиот штанд ги претставивме услугите што ГРЦ ги нуди и за граѓанските организации и за граѓаните: како да се организираат, како да поттикнат граѓански активизам и како да се вклучат како волонтери во граѓански организации.
Дел од посетителите беа заинтересирани за тоа како да се вклучат во процесот на градење капацитети, на што од страна на претставниците на ГРЦ им беа посочени за користење онлајн обуките објавени на ГРЦ АКАДЕМИЈА: Онлајн обуки за граѓанските организации, пријавување на јавните повици за работилниците во живо кои ги организира ГРЦ, како и на Јавниот повик за учество во менторска програма на Граѓанскиот Ресурсен Центар.
Еден од посетителите се интересираше за тоа како организациите да се вклучат во оваа менторска програма на ГРЦ, при што му беше посочено дека е најдобро прво да го пополнат Инструмент за самооценка на организацискитекапацитети | врз основа на кој најреално ќе можат да го идентификуваат својот организациски капацитет и потребите за подобрување и унапредување во следниве десет категории: (1) Стратешки менаџмент, (2) Проектноработење, (3) Управување и структура, (4) Човечкиресурси, (5) Организацискивредности, посветеност и култура, (6) Администрација и финансии, (7) Медиуми и односи сојавност, (8) Соработка и партнерства, (9) Капацитети за застапување и (10) Капацитети за испорака на услуги.
Посетителите кои беа заинтересирани за финансиска поддршка на нивните организации беа информирани дека Граѓанскиот ресурсен центар подготвува месечнипрегледи на отворениповици за грантови и можности за финансирање на граѓанските организации од различни извори. Месечните прегледи ги испраќа до целата маилинг листа на организации, со што придонесува кон навремено информирање на организациите и зголемување на нивните можности за аплицирање за финансиска поддршка и за нивна одржливост.
Со дел од посетителите се разговараше и можностите за бесплатно користење на просторот на ГРЦ за одржување на нивните настани и активности во Скопје, Гостивар и Штип, а на посетителите надвор од Скопје им беше посочена можноста да ги користат стручните знаења и капацитетите на Регионални експерти на Граѓанскиот ресурсен центар, како и посетите на Мобилните ресурсни центри преку кои ГРЦ им излегува во пресрет на што поголем број организации надвор од градовите во кои се наоѓаат трите ресурсни центри.
На посетителите кои се интересираа за застапување, претставните на штандот на ГРЦ им посочија да ја искористат онлајн алатката Иницијативи за застапување на граѓанските организации | за промовирање и поддршка на своите иницијативи за застапување, за да го привлечат вниманието на јавноста, да ја зајакнат свеста за значењето на прашањето кое го застапуваат и да обезбедат партиципативност во постигнување на позитивните општествени промени кои сакаат да ги постигнат.
Меѓу посетителите беше и Ибрахим Мехмети, кој ја сподели својата перспектива: „Граѓанското општество е совеста, па дури и душата на општеството.“Тој истакна дека организациите работат за доброто на сите граѓани, особено на оние на кои помошта им е најпотребна. Според него, улогата на граѓанските организации е голема, иако сè уште не е доволно препознаена.
На посетителите им беше посочено дека канцеларијата на ГРЦ е отворена за граѓанските организации и други граѓански активисти каде тие можат да добијат основни информации, совети и консултации во области важни за нивното секојдневно работење. Освен тоа, овде можат да се информираат и за други локални настани од нивен интерес или пак да добијат контакти од други организации. Граѓаните кои не се вклучени во граѓански организации, можат да се информираат за формите и условите на здружување и водење здружение, а за сето тоа можат да се обратат до ГРЦ за подрршка, совети и консултации.
Токму тоа е суштината на нашата порака. Граѓанскиот ангажман не е нешто што го прават „другите“. Тој започнува со едно „јас“.




