Обука за Транспарентност и отчетност на граѓанските организации
Оваа онлајн обука ќе им помогне на граѓанските организации да го зголемат своето знаење како да ги интегрираат транспарентноста и отчетноста како вредности на кои го темелат своето тековното работење. Организациите ќе стекнат знаење за градење и одржување транспарентни релации со релевантите чинители, одговорно и отчетно известување, транспарнетен и одговорен однос кон своите врaботени и членови и практично интегрирање на принципите на транспарентност и отчетност во сите процеси и процедури на организациите.
Сунчица Саздовска
Обучувач
Што ќе научиш преку онлајн обука?
Кои се придобивките од транспарентноста и отчетноста на граѓанските организации?
Кон кого е насочена транспарентноста и отчетноста?
Како до транспарентност и отчетност низ операциите на организациите?
За кого е наменета оваа обука?
Обуката е наменета за претставници на граѓанските организации
Потребни предзнаења
За следење на оваа обука не се потребни предзнаења
ЛЕКЦИИ ПО E-MAIL
Предавањето и материјалите ќе ги добиеш по e-mail
ВИДЕО ЛЕКЦИИ
Предавањето е во видео формат, може да се следи на било каков уред
ВРЕМЕТРАЊЕ
Обуката се состои од еден модул во времетраење од околу 12 минути
ИНТЕРАКЦИЈА
Провери го наученото преку онлајн квиз за проверка на знаењето
Обучувач: Сунчица Саздовска
Сунчица Саздовска има над 20 годишно професионално искуство во областа на развој на граѓанското општество работејќи како проектен менаџер и консултант на многу програми и проекти насочени кон дизајнирање, развој и спроведување на програми за градење капацитет и обука за ГО, вклучувајќи оценка на потреби, развој на планови за градење капацитет, дизајнирање и спроведување обуки, менторска поддршка и фацилитирање на процеси на организациски развој и институционално јакнење. Клучни области на најзината експертиза се проектен менаџмент, стратешки менаџмент и стратешко планирање, мониторинг и евалуација, раководење со човечки ресурси и организациски развој.