Велес Бајкинг преку нова стратегија до поголема промоција на велосипедизмот

22 Окт 2019

Здружението „Велес Бајкинг“ под менторство на Центарот за економски анализи (ЦЕА) ја одржа втората работна средба за стратешко планирање на 17 октомври 2019 година, како дел од партнерскиот грант добиен од Граѓанскиот ресурсен центар.

За време на средбата, претставниците на организацијата ги идентификуваа јаките и слабите страни, како и можностите и предизвиците преку користење на методот бура на идеи (brainstorming). Тоа беше продолжение на активностите од првата средба кога ги идентификуваа визијата, мисијата, стратешките цели и определби на здружението.

„Велес Бајкинг има многу јаки страни, но тие не се доволно видливи во јавноста. Постојат доста можности кои ни стојат на располагање, меѓутоа клучна слаба страна ни е тоа што голем број од членовите немаат доволно време да се посветат на организацијата“, изјави Никола Ангелов, член на здружението.

Од организацијата сметаат дека работната средба им е од големо значење бидејќи ги одредиле клучните насоки за стратешките определби кои го опфаќаат промовирањето на здравиот животен стил и употребата на велосипедизмот за подобрување и промоција на туризмот во земјата.

Оваа активност е дел од проектот „Зајакнати капацитети на локалните грасрут лидери за брз развој на туризмот“, кој го спроведуваат Велес Бајкинг во партнерство со Центарот за економски анализи (ЦЕА). Овој проект е поддржан од „Програмата „Национален ресурсен центар за граѓански организации“ која ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа Плус од Штип.

Отпочнување на консултации: Повик за предлози за граѓански и медиумски организации, ИПА III Инструмент за поддршка на граѓанското општество (CSF) и медиумите 2024–2025 година, Република Северна Македонија

Отпочнување на консултации: Повик за предлози за граѓански и медиумски организации, ИПА III Инструмент за поддршка на граѓанското општество (CSF) и медиумите 2024–2025 година, Република Северна Македонија

Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија започнува консултации со граѓанското општество и другите засегнати страни за дефинирање на приоритетните теми и другите важни елементи на претстојните повици за предлози во рамките на ИПА III Инструмент...

Заинтересираните граѓански организации се информираа за повикот за избор на членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество  

Заинтересираните граѓански организации се информираа за повикот за избор на членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество  

Во периодот од 23 до 28 јануари 2025 година околу 100 претставници на граѓански организации се информираа за повикот за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженија и фондации, на четирите...

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Информативни сесии На 20 јануари 2025 година, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија објави јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженија и...