„Призма“ со партнерски грант ќе спрема поквалитетни проектни апликации

7 Окт 2019

Членовите на здружението ЦСРД Призма – Центар за општествени истражувања и развој се обучија за раководење со проектен циклус и пристап до фондови. Работилницата се одржа на 3 и 4 октомври 2019 во просториите на менторската организација Форум ЦСИД – Центар за стратешки истражувања и документација, со која заедно го спроведуваат партнерскиот грант од Граѓанскиот ресурсен центар.

„Од особена важност беа пренесените искуства на менторот Слаѓан Пенев за предизвиците со кои Форум ЦСИД се среќавала во текот на долгогодишната работа во граѓанскиот сектор“, рече Владо Анчев, координатор на проектот. Тој додаде дека покрај препораките за спроведувањето на проектите и пристапот кон донаторите, корисни беа и пренесените искуства како треба да функционира една граѓанска организација во поширока смисла.

На првиот ден од работилницата беа презентирани и дискутирани сите сегменти во процесот на имплементација на еден проект. Вториот ден беше посветен на темата „пристап до фондови“, при што посебен акцент беше ставен на тековните отворени повици, на кои здружението „Призма“ би можело да аплицира. Покрај дадените препораки за подготовка на проектна апликација, конкретен резултат од работилницата беа и изготвените два концепти за проекти, кои Призма ќе ги доработи и ќе ги примени во наредниот период на некои од донаторските повици.

Здружението ЦСРД Призма – Центар за општествени истражувања и развој го спроведува проектот „Мониторинг на буџетските процеси во општина Ѓорче Петров“ во партнерство со менторската организација Форум ЦСИД – Центар за стратешки истражувања и документација , финансиран од програмата „Национален ресурсен центар за граѓански организации“. Програмата ја спроведуваат Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС), Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа Плус од Штип, а е финансирана од ЕУ.

Повик за избор на членови на Советодавна група

Повик за избор на членови на Советодавна група

Граѓанскиот ресурсен центар објавува повик за избор на членови на Советодавна група на ресурсните центри. Овој повик е дел од проектот ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2, финансиран од Европската Унија и спроведуван од Фондацијата Граѓански ресурсен...

ОНЛАЈН обука за дигитална трансформација на граѓанските организации

ОНЛАЈН обука за дигитална трансформација на граѓанските организации

Граѓанскиот ресурсен центар во рамки на проектот  “ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, објавува отворен повик за учество на онлајн обука за дигитална трансформација на граѓанските организации што...

Одржана информативна сесија за повикот за Акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025

Одржана информативна сесија за повикот за Акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025

На 4-ти март 2025 се одржа онлајн информативна сесија за повикот за Акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025. Настанот привлече претставници од над 60 претставници на граѓански организации, кои имаа можност да се запознаат со условите и критериумите за...