ГРЦ АКАДЕМИЈА: Онлајн обуки за граѓанските организации
ГРЦ Академија e дигитална и интерактивна образовна алатка наменета за граѓанските организации. Преку онлајн ресурси тие ќе ги продлабочат знаењата за темите кои се од важност за зајакнато, функционално и одржливо граѓанско општество.
Дизајнирана е да може да се вклопи во сечиј дневен распоред и да го олесни процесот на учење. На овој начин, вработените во граѓанските организации, активистите и волонтерите ќе развијат експертиза и нови вештини за темите од нивен интерес, а уште поважно, ќе инвестираат во својот личен развој.
Со самото пријавување учесниците добиваат пристап до ресурсите за учење. Тие вклучуваат кратки видео предавања, квизови, ресурсни материјали и можност за дискусија со други учесници. Обуките се водени од инструктори кои се професионалци во полето на кое предаваат и содржините ги прилагодуваат врз актуелните текови.
Погледни ги обуките и стани член на ГРЦ Академија! Приклучи се на заедницата која учи онлајн.
Обука за односи со јавноста за граѓанските организации
Односите со јавноста ви овозможуваат да го проектирате имиџот или личноста на вашата организација кај вашата „јавност“ – корисници, поддржувачи, спонзори, донатори, локалната заедница, потрошувачи и другата вашата публика.
Обуката е организирана во 3 модули во видео формат, секое во времетраење од околу 20 минути, распределени во 1 неделa.
Обука за планирање проекти и пишување проектна апликација
Обуката е дизајнирана за да научите како да ја развиете вашата идеја во проектна апликација.
Обуката е организирана во 6 модули во видео формат, секое во времетраење од околу 30 минути, распределени во 2 недели.
Обука за стратешко планирање за граѓанските организации
Обуката ќе ви овозможи да стекнете знаење и вештини за спроведување на квалитетен процес на стратешко планирање и да ја зајакнете свеста за потребата од стратешко размислување и постојано прилагодување кон промените. Обуката е организирана во 3 модули во видео формат, секое во времетраење од околу 20 минути, распределени во 1 неделa.
Обука за дигитална трансформација на граѓанските организации
Оваа обука ќе им помогне на граѓанските организации да ги разберат основите на дигиталната трансформација, нејзината важност за модерното работење и како истата може да се примени за зголемена ефикасност, поголемо влијание и одржлив раст. Учесниците ќе научат како да ги користат дигиталните алатки кои го помагаат процесот.
Обука за добро управување во граѓанските организации
Оваа обука ќе им помогне на граѓанските организации да го зголемат своето знаење за елементите на добро управување во својата организација, поделбата на функциите, организирање на процесите на одлучување и воспоставањето на интерни процеси и практики.
Обуката е организирана во еден модул во видео формат, во времетраење од околу 10 минути.
Обука за транспарентност и отчетност на граѓанските организации
Оваа онлајн воведна обука ќе им помогне на граѓанските организации да го зголемат своето знаење како да ги интегрираат транспарентноста и отчетноста како вредности на кои го темелат своето тековното работење.
Обуката е организирана во еден модул во видео формат, во времетраење од околу 12 минути.
Обука за волонтерство
Оваа обука ќе им помогне на граѓанските организации да го зголемат своето знаење за основните принципи на волонтерството и волонтерските вредности, да се запознаат со системот за ефективен волонтерски менаџмент во граѓанските организации, за законската регулатива која го регулира волонтерството и чекорите за креирање на програма за волонтирање.
Обука за управување со проекти
Оваа напредна обука има за цел да допринесе во зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за спроведување на проекти и истата е наменета за организации кои имаат претходно искуство во спроведување на проекти или во моментов спроведуваат проект, а пред сѐ проекти финансирани од Европската унија.
Слушателите ќе ги надоградат своите знаења и вештини на следните теми: клучни активности во управување со проекти, управување со буџетот, проектна администрација, мониторинг, финансиско и наративно известување, набавки, видливост, итн.
Обуката за управување со проекти ја води Андреја Тонч, меѓународен експерт со повеќе од дваесет годишно професионално искуство во областа.