Обука за управување со проекти

Оваа напредна обука има за цел да допринесе во зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за спроведување на проекти и истата е наменета за организации кои имаат претходно искуство во спроведување на проекти или во моментов спроведуваат проект, а пред сѐ проекти финансирани од Европската унија.

Слушателите ќе ги надоградат своите знаења и вештини на следните теми: клучни активности во управување со проекти, управување со буџетот, проектна администрација, мониторинг, финансиско и наративно известување, набавки, видливост, итн. Учесниците ќе имаат можност за интерактивна сесија (прашања-одговори) за нивните практични дилеми и предизвици во секојдневната работа поврзана со управување со проекти.

Обуката за управување со проекти ја води Андреја Тонч, меѓународен експерт со повеќе од дваесет годишно професионално искуство во областа.

Share This