Повик за избор на регионални експерти од граѓанското општество за Североисточен, Вардарски и Југоисточен плански регион

2 Дек 2025

Граѓанскиот ресурсен центар, во рамки на проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“, објавува отворен повик за избор на регионални експерти од граѓанското општество за:

  • Североисточниот,
  • Вардарскиот и
  • Југоисточниот плански регион.

Како дел од напорите за зајакнување на локалните граѓански организации, проектот воспоставува национална Платформа на регионални поддржувачи на граѓанските организации. Во останатите плански региони веќе е избран минимум по еден регионален експерт за поддршка на локалните организации.

Регионалните експерти ќе играат клучна улога во обезбедување менторска, советодавна и техничка поддршка за локалните ГО, ќе поттикнуваат вмрежување и соработка, како и споделување знаења и добри практики. Избраните експерти ќе станат дел од платформата преку која Граѓанскиот ресурсен центар ќе може да делува во сите региони.

Повикот е отворен за кандидати кои се жители на Североисточниот, Вардарскиот или Југоисточниот плански регион.

Преземи го целосниот Опис на работни задачи.

Апликациите се доставуваат електронски на: [email protected]

Охрабруваме квалификувани експерти од соодветните плански региони да аплицираат и да придонесат за развојот на граѓанското општество.