Од план за комуникација до поголема видливост на 14 организации

24 Јан 2019

„Ние како организации го стекнуваме легитимитетот преку нашите резултати и затоа е потребно нив да ги распространиме до што поголем број луѓе. Единствено вака, ние можеме да се претставиме како легитимен и доверлив партнер на граѓаните по одредено прашање.“ Со овие зборови Гонце Јаковлеска, експерт за комуникации и односи со јавност во МЦМС, ја започна обуката за видливост и презентирање на резултатите на граѓанските организации.

Нови 14 граѓански активисти се усовршија во полето на комуникациите. Тие научија да ги сегментираат целните публики и преку работа во групи вежбаа како да ги користат алатките за комуникација со јавноста, а исто така ги испробаа и надградија нивните презентациски вештини.

Учесниците беа задоволни од текот на обуката и понудената содржина. Како најкорисно го издвоија знаењето добиено за прилагодување на содржините на различните социјални медиуми, како и сите презентирани алатки за мултимедијален приказ на информациите.

Заедно со Борис Ристовски, експерт за интернет присуство во МЦМС, се усовршија во креирањето содржини за веб и социјални медиуми преку бројните достапни алатки. Посебно внимание се посвети на анализата на интернет присуството на организациите чии претставници учествуваа на обуката. Тие добија фидбек и насоки за понатамошно подобрување на нивната видливост.

На крајот од обуката се дискутираше за развојот на комуникациската стратегија како алатка за врамување и планирање на активностите на една организација.

Оваа обука се одржа на 22 и 23 јануари и е дел од низата обуки кои ги организира Граѓанскиот ресурсен центар, проект финансиран од Европската Унија а спроведуван од Македонски центар за меѓународна соработка во партнерство со Асоцијација за демократски иницијативи од Гостивар и Медиа плус од Штип.

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Волонтерството во граѓанските организации и заедници е моќен начин за градење позитивни промени и зајакнување на општеството. Преку ангажирање на волонтери, организациите добиваат поддршка за своите активности, додека волонтерите имаат можност да придонесат, да...

Организациите заинтересирани за повиците за предлози во рамките на ИПА III Програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2024-2025

Организациите заинтересирани за повиците за предлози во рамките на ИПА III Програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2024-2025

“Ја препознаваме важната и значајна улога на граѓанското општество и медиумите што ја имате во земјата и сакаме да помогнете во спроведување на клучните реформи. Сакаме да промовираме подобра демократизација, почитување на основните права, меѓународните стандарди и...

Дигиталната технологијата може да ги поедностави процесите и да го зајакне ангажманот со заедницата

Дигиталната технологијата може да ги поедностави процесите и да го зајакне ангажманот со заедницата

Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) продолжува да ги јакне граѓанските организации на теми кои придонесуваат кон нивно ефикасно и ефективно делување. Овој пат, фокусот беше ставен на дигиталната трансформација како една од клучните области на Стратешката агенда на ЕУ...