Повик за изразување интерес за учество во академија за граѓански организации

4 Сеп 2026

Граѓанскиот ресурсен центар објави повик за граѓанските организации кои сакаат да ги зајакнат своите организациски капацитети, отпорност и одржливост. Академијата е тримесечна програма што комбинира организациска самооценка, онлајн курсеви, обуки во живо, менторство и практична работа. Учеството е бесплатно.

Академијата ги опфаќа следните три меѓусебно поврзани модули:

  • Модул 1: добро управување и организациска поставеност, внатрешни политики и процедури, документација и архивско работење, стратешко планирање.
  • Модул 2: застапување и учество во креирање политики, волонтерство и мобилизација на заедницата, партнерства и вмрежување, комуникации и видливост, дигитални алатки и AI, мобилизирање ресурси и одржливост.
  • Модул 3: развој на проектна идеја, логичка рамка, пишување предлог-проект, буџетирање и финансиско управување, управување со проекти, мониторинг, евалуација и учење.

До крајот на циклусот, секоја организација треба да постигне конкретни резултати, меѓу кои: ревидирани стратешки цели и приоритети, изготвени логичка рамка со буџет, план за комуникација, план за застапување, програма за волонтерство, итн.

Кој може да се пријави

Граѓански организации регистрирани согласно на Законот за здруженија и фондации, кои се активни, имаат идентификувани потреби за организациски развој и се подготвени да учествуваат во целата програма со двајца до тројца номинирани претставници. Учеството во Академијата е ограничено на максимум 15 организации.

При изборот ќе се земат предвид: мотивацијата и посветеноста за учество во целата програма, идентификуваните потреби од јакнење на капацитетите, релевантноста на организацијата за јавните политики, застапувањето и заедницата, капацитетот за примена на стекнатите знаења, како и географската и организациската разновидност, вклучувајќи учество на локални организации.

Обврски на избраните организации

  • завршување на задолжителните подготвителни онлајн курсеви пред секој модул;
  • активно учество на номинираните претставници на сите три обуки;
  • изработка на практичните задачи и учество во менторски сесии (според потребата);
  • пренесување и примена на знаењата во организацијата;
  • пополнување на завршната самооценка за мерење на напредокот.

Временска рамка

АктивностДатум
Краен рок за пријавување18 септември 2026
Известување на избраните организациидо 21 септември 2026
Модул 1 – обука во живо29–30 септември 2026
Модул 2 – обука во живо15–16 октомври 2026
Модул 3 – обука во живо19–20 ноември 2026

Како да се пријавите

  1. Пополнете ја пријавата
  2. Пополнете ја алатката за организациска самооценка на https://rcgo.mk/samoocenka/ (задолжителен дел од пријавата)

Форма за пријавување

Пријава за Академија за граѓански организации
  • Информации за организацијата
  • Информации за лицето кое се пријавува за учество на работилницата

Пријава за Академија за граѓански организации