fbpx

Обука за поотчетни граѓански организации

14 Фев 2019

На 11 и 12 февруари, Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) организираше обука за транспарентност и отчетност на граѓанските организации за 21 лице од управните и раководните структури на здруженијата. Тие добија нови знаења и вештини кои ќе им помогнат да воспостават процеси и практики на отчетно управување и раководење во своите организации.

„Професионален и сеопфатен пристап. Формата и содржината на оваа и сличните обуки организирани од ГРЦ сигурно ќе го поддржат и забрзаат патот на ‘помладите’ граѓански организации до ниво на самоодржливост“, рече Дејан Стојановиќ од организацијата Ин виво.

Учесниците преку работа во групи развија дефиниции за отчетност, транспарентност, добро управување и раководење; а направија и преглед на процеси од работењето за кои треба да ги консултираат и вклучуваат различните чинители како конституенти, управни структури, вработени, донатори. Понатаму, тие ги распределија одговорностите меѓу управните и раководните структури; направија листа на вообичаени одлуки кои се носат во организацијата и ги анализираа од аспект на транспарентност и партиципативност.

На крај, ги издвоија најчестите проблеми на управните структури и препораки за нивно решавање, подготвија блок дијаграми за процесите во организациите водејќи сметка низ истите да се осигура транспарентноста и отчетноста; а развија и листа на извештаи кои вообичаено ги подготвуваат со препораки за нивно ефективно користење.

Освен тоа, учесниците следеа и вебинар од половина час кој се однесуваше на отчетност кон корисниците.

Обуката се одржа во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар, а ја спроведе експертот Сунчица Саздовска.

Оваа е дел од низата обуки кои ги организира Граѓанскиот ресурсен центар, проект финансиран од Европската Унија а спроведуван од Македонски центар за меѓународна соработка во партнерство со Асоцијација за демократски иницијативи од Гостивар и Медиа плус од Штип.

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Информативни сесии На 20 јануари 2025 година, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија објави јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженија и...

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

На 26 декември 2024 се одржа онлајн обука за избраните грантисти на повикот за акциски грантови за локални иницијативи. На настанот беа обучени претставници на 28 организации, кои во следните девет месеци ќе спроведуваат акциски грантови за локални иницијативи во...

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

На 24 декември 2024 во Ресурсниот центар во Гостивар се одржа регионална средба за вмрежување организирана од страна на тимот на проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2”. Средбата претставуваше можност за граѓанските организации од регионот да...