НОВО: ГРЦ Академија – Онлајн обуки за граѓанските организации

8 Мај 2020

ГРЦ Академија e дигитална и интерактивна образовна алатка во форма на онлајн обуки наменета за граѓанските организации.

Што е ГРЦ Академија?

ГРЦ Академијата им помага на граѓанските организации преку онлајн обуки и ресурси да ги продлабочат знаењата за темите кои се од важност за зајакнато, функционално и оддржливо граѓанско општество. На овој начин, вработените во граѓанските организации, активистите и волонтерите ќе можат да развијат експертиза и нови вештини во области кои се од нивен интерес и да инвестираат во својот личен развој.

Дизајнирана е да може да се вклопи во сечиј дневен распоред и да го олесни процесот на учење. На овој начин, вработените во граѓанските организации, активистите и волонтерите ќе развијат експертиза и нови вештини за темите од нивен интерес, а уште поважно, ќе инвестираат во својот личен развој.

Како изгледаат онлјан обуките?

Сите учесници по пријавувањето автоматски добиваат пристап до ресурсите за учење. Тие вклучуваат кратки видео предавања, квизови, ресурсни материјали и можност за дискусија со други учесници.

Онлајн обуките се организирани во модули кои се испраќаат по е-пошта. Секој модул е во времетраење од околу 30 минути и се распределени во текот на 2 недели и се отворени за секого.

Инструкторите се професионалци во полето на кое предаваат и содржините ги прилагодуваат врз актуелните текови.
Предавањата можете да ги следите кога сакате и како сакате. Тоа значи дека избегнувате пополнување на квота за обуката која сакате да ја слушате, патни трошоци и фиксно време на одржување на предавањето.

Стани член на ГРЦ Академија

Учесниците на ГРЦ Академијата ги избегнуваат незгодите од вообичаените обуки, како што се пополнување на квота за обуките, патни трошоци и фиксно време на одржување на предавањето.

Погледни ги обуките и приклучи се на заедницата која учи онлајн. Започнуваме со Обука за планирање проекти и пишување проектна апликација.

Обука за пишување проектна апликација
Спроведени консултации за Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество и Акцискиот план 2025–2028

Спроведени консултации за Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество и Акцискиот план 2025–2028

На 13 јуни 2025 година, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје се одржа консултативна средба за финализирање на Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество со Акциски план 2025–2028. Настанот беше организиран од...

Зголемени капацитети на граѓанските организации за дигитално собирање податоци со алатката KoboToolbox

Зголемени капацитети на граѓанските организации за дигитално собирање податоци со алатката KoboToolbox

На 11 јуни 2025 година, Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ), во соработка со организацијата Kobo Inc., организираше обука за дигитално собирање и управување со податоци, наменета за граѓанските организации. На обуката присуствуваа претставници од 26 граѓански...

Доделени 11 акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025

Доделени 11 акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025

Дванаесет граѓански организации се добитници на грант преку програмата „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансирана од Европската Унија, а ќе реализираат проекти насочени кон зајакнување на демократијата во државата преку подобрен изборен процес со...