Мотивирање нови генерации волонтери од Штип

18 Фев 2020

Граѓанскиот ресурсен центар во Штип по втор пат беше домаќин на интерактивна средба со учениците од локалните основни училишта. На работилницата „Волонтирањето – можност да придонесам во мојата средина“ учествуваа 20 ученици од штипските училишта „Гоце Делчев“, „Ванчо Прке“ и „Славејко Арсов“, кои се воедно претставници на Ученичките парламенти од осмо и деветто одделение.

Учесниците ги научија карактеристиките на волонтерството, размислуваа за тоа како преку волонтирањето можат да придонесат во својата средина и самите беа охрабрени да станат волонтери. Оваа средба беше и одлична основа за понатамошна поблиска соработка и дружење меѓу трите училишта.

Преку работа во групи, тие имаа можност да разменат искуства со нивните врсници од останатите училишта, заеднички да дискутираат за идеи и да пробаат да ги остварат. Групите кои работеа на осмислување волонтерски акции ги презентираа нивните идеи кои опфатија еколошка акција за чистење на центарот од градот; хуманитарна акција за прибирање и дистрибуирање на храна, вода и облека до социјално загрозени семејства; како и организирање хуманитарен концерт за прибирање средства и донирање на истите на средното училиште за деца со попречености „Искра“.

Оваа работилница е на некој начин дополнување на предновогодишната средба „Граѓанскиот активизам и волонтерството во функција на заштитата на животната средина“ со што се опфатија ученици од сите централни основни училишта во Штип и Карбинци.

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

“Чувството на среќа, задоволство и радост од давањето и правењето добро за некого се главните придобивки од волонтирањето“ беше општиот заклучок од Работилницата за волонтерство и развивање програма за волонтирање, одржана онлајн на 6-7 мај 2025 година на платформата...

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанскиот сектор постојано еволуира, под влијание на глобалните и националните случувања. Новите политички реалности, како што е примерот со промените во САД, имаат директен ефект врз стратегиите и приоритетите на граѓанските организации. Оваа динамична природа бара...

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Волонтерството во граѓанските организации и заедници е моќен начин за градење позитивни промени и зајакнување на општеството. Преку ангажирање на волонтери, организациите добиваат поддршка за своите активности, додека волонтерите имаат можност да придонесат, да...