Формирано Координативно тело за дистрибуција на социјални пакети во Гостиварско

2 Апр 2020

Заради поорганизаирано справување со кризата и координација на хуманитарните и волонтерски активности, во некои општини во земјава се формираат координативни тела меѓу граѓанските организации. Еден од примерите е на подрачјето на Гостивар, Врапчиште и Маврово и Ростуша каде е формирaно Координативно тело за пристап и дистрибуција на хуманитарна помош. Со него претседава Лулзим Хазири, извршен директор на Асоцијација на демократски иницијативи-АДИ и координатор на ресурсниот центар во Гостивар, кој воедно е и член на општинскиот кризен штаб. Процесот на хуманитарен пристап е воден од Црвениот Крст-Гостивар.

Целта на ова тело е да го координира процесот на дистрибуција на социјалните пакети до семејствата и граѓаните на безбеден начин со што се намалуваат шансите за ширење на коронавирусот. Во Советот членуваат 10 локални организации, а досега ова тело има одржано три седници. Активистите и волонтерите коишто ќе ги носат хуманитерните пакететите до целните групи ќе бидат соодветно обучени на обука која ќе биде реализирана на 3 април 2020 година од страна на експерти од Институтот за јавно здравство.  Координативното тело обезбеди финансиска помош од Општина Гостивар со кои пари ќе се купат заштитни средства и опрема за волонтерите.

Ги повикуваме другите граѓански организации да не информираат дали се формирани вакви или слични координативни тела и во другите градови/региони од Македонија и каква е вклученоста на граѓанските организации во нив. Вашите коментари може да ни ги испратите на: [email protected]

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

“Чувството на среќа, задоволство и радост од давањето и правењето добро за некого се главните придобивки од волонтирањето“ беше општиот заклучок од Работилницата за волонтерство и развивање програма за волонтирање, одржана онлајн на 6-7 мај 2025 година на платформата...

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанскиот сектор постојано еволуира, под влијание на глобалните и националните случувања. Новите политички реалности, како што е примерот со промените во САД, имаат директен ефект врз стратегиите и приоритетите на граѓанските организации. Оваа динамична природа бара...

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Волонтерството во граѓанските организации и заедници е моќен начин за градење позитивни промени и зајакнување на општеството. Преку ангажирање на волонтери, организациите добиваат поддршка за своите активности, додека волонтерите имаат можност да придонесат, да...