Како да создадете успешен проект: ГРЦ овозможи напредна обука за 19 граѓански организации

7 Ное 2023

Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) продолжува да ги јакне граѓанските организации. Овој пат, фокусот беше ставен на планирање на проекти и пишување проектна апликација. Работилницата на оваа тема се одржа на 26 и 27 октомври 2023 во Скопје. Таа беше последователна активност на онлајн Обуката на истата тема, која беше услов за учество на работилницата.

Учесниците можеа да го зголемат знаењето и вештините за развој на проектна идеја и планирање на проект, анализа на проблеми, анализа на цели и избор на проектна стратегија, пристап на логичка рамка, логика на интервенција, индикатори за проверка на успехот на проектот, претпоставки и ризици. Тие стекнаа знаења и за алокација на ресурси за планираните активности и подготовка на буџет за проектот. Преку практичните вежби, учесниците стекнаа знаење за пополнување на формата за аплицирање и нејзино поврзување со логичката рамка.

Работилницата беше одлична можност за нас, активистите од граѓанските здруженија,  да научиме нешто ново и да ги збогатиме нашите практични вештини во разработката и пишувањето на проектни апликации. Тоа беше одлично реализирана интерактивна обука во која можевме преку разговор и дискусија меѓу самите себе, но и со нашите обучувачи да го поминеме процесот на пишување на проектна апликација

изјави Јорданче Јосифов од Здружението за поддршка на палијативни пациенти и нивните семејства ПАЛИУМ од Скопје

По работилницата, со обучените организации ќе се спроведат менторски активности со што ќе се осигура дека предвидените резултатите  се финализирани.

На оваа дводневна работилница имав можност да го продлабочам моето знаење од проектен менаџмент и неговата примена кај граѓанските организации. Сите научивме нови работи, но и се потсетивме на она што претходно го знаевме. Се надевам дека оваа работилница ќе ни помогне да подготвиме проекти и да обезбедиме финансии кои ќе го подобрат животот на нашите корисници

Димитар Илчов, од Здружението на граѓани ЉУБЕЗНОСТ од Скопје

Делфина Саздовска од ПДАС Меѓаши апелираше до сите заинтересирани да излезат од комфорт зоната, да ги научат и да почнат практично да ги користат овие алатки.

„Прекрасно и корисно искуство“ што и помогнало да ги развие знаењата на оваа тема. „Сметам дека секој вклучен во било која граѓанска организација треба да ја проследи оваа обука. Покрај шансата за практична работа со добро познатите алатки имав и шанса за вмрежување со останатите учесници, што верувам дека ќе ми помогне во идната  соработка во секторот“

Делфина Саздовска од ПДАС Меѓаши

Интересот на граѓанските организации за јакнење на нивните капацитети од оваа област беше многу голем. На јавниот повик за учество на Работилницата се пријавија 100 претставници на ГО, од нив, за оваа работилница беа селектирани 19 учесници. Во периодот ноември 2023-февруари 2024, ГРЦ ќе спроведе уште три работилници на оваа тема.

Работилницата беше организирана во рамки на проектот „ЕУ поддршка на Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

“Чувството на среќа, задоволство и радост од давањето и правењето добро за некого се главните придобивки од волонтирањето“ беше општиот заклучок од Работилницата за волонтерство и развивање програма за волонтирање, одржана онлајн на 6-7 мај 2025 година на платформата...

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанскиот сектор постојано еволуира, под влијание на глобалните и националните случувања. Новите политички реалности, како што е примерот со промените во САД, имаат директен ефект врз стратегиите и приоритетите на граѓанските организации. Оваа динамична природа бара...

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Волонтерството во граѓанските организации и заедници е моќен начин за градење позитивни промени и зајакнување на општеството. Преку ангажирање на волонтери, организациите добиваат поддршка за своите активности, додека волонтерите имаат можност да придонесат, да...