Избрани се грантистите кои ќе помагаат во заедниците за време на кризната состојба

27 Апр 2020

Во следните три месеци, седум граѓански организации- грантисти на Граѓанскиот ресурсен центар ќе дадат солидарен одговор на кризната состојба предизвикана од КОВИД-19. Тие ќе им помогнат на над 1.000 социјално загрозени семејства, припадници на маргинализираните групи, земјоделци и жртви на семејно насилство.

Најголем дел од грантистите ќе обезбедат хуманитарна помош за ранливите категории граѓани со цел полесно да го надминат кризниот период, а останатите активности се однесуваат на пружање психосоцијална поддршка на жртвите на семејно насилство и споделување корисни информации во заедниците.

Итните активности во главно ќе се спроведуваат локално, и тоа во Куманово, Прилеп, Гостивар, Берово, Пехчево, Делчево, Тетово и Скопје, додека дел од нив ќе обезбедат поддршка на национално ниво.

Листа на грантисти:

  • Здружение на граѓани за промовирање на културните и духовните вредности „Легис“ Скопје со проектот „Ние можеме –  Итна солидарна акција“
  • Сојуз – Национален совет за родова рамноправност со проектот „Семејно насилство во состојба на социјална изолација“
  • Хуманитарно доброчинително здружение „Света Мајка Тереза” – Куманово со проектот „Само заедно ќе победиме”
  • Здружение на граѓани Институт за зелени политики и развој Берово со проектот „Мали индивидуални земјоделски производители, локална храна и Ковид-19: Што се треба да знаете?“
  • Здружение за перспективна интеграција и развој „Рома перспектив“ Прилеп со проектот „Целта на животот е солидарност преку помош“
  • Здружение на лезбејки, геј, бисексуалци/ки и трансексуалци/ки – ЛГБТ Јунајтед Тетово со проектот „Ковид-19 предизвик и за ЛГБТИ заедницата“
  • Хуманитарно и добротворно здружение на Ромите „Месечина“ Гостивар со проектот „Без корона помош до дома“

Вкупниот фонд за оваа намена е 715.631 денари.

На повикот за грантови за итни интервенции за справување со кризната состојба предизвикана од КОВИД-19, аплицираа 107 граѓански организации од сите плански региони.

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

“Чувството на среќа, задоволство и радост од давањето и правењето добро за некого се главните придобивки од волонтирањето“ беше општиот заклучок од Работилницата за волонтерство и развивање програма за волонтирање, одржана онлајн на 6-7 мај 2025 година на платформата...

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанскиот сектор постојано еволуира, под влијание на глобалните и националните случувања. Новите политички реалности, како што е примерот со промените во САД, имаат директен ефект врз стратегиите и приоритетите на граѓанските организации. Оваа динамична природа бара...

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Волонтерството во граѓанските организации и заедници е моќен начин за градење позитивни промени и зајакнување на општеството. Преку ангажирање на волонтери, организациите добиваат поддршка за своите активности, додека волонтерите имаат можност да придонесат, да...