Информативни сесии за Повикот за грантови за застапување

20 Сеп 2019

Претставници од Граѓанскиот ресурсен центар од Скопје и Гостивар од 17 до 19 септември ги посетија Тетово, Велес и Прилеп, каде одржаа информативни сесии за новиот повик за доделување мали акциски грантови за застапување.

Заинтересираните учесници од локалните граѓански организации покрај деталите за повикот, добија и насоки за пополнување на формуларот и буџетот како клучни документи во процесот на аплицирање.

Сите заинтересирани граѓански организации кои немаа можност да бидат дел од овие информативни сесии, деталите за повикот можат да ги најдат во Упатството за аплицирање, а дополнителни прашања можат да испратат на [email protected] најдоцна до 27 септември 2019 година. Прашањата и одговори ќе бидат објавени на www.rcgo.mk на 4 октомври 2019 година.

Крајниот рок за аплицирање е 10 октомври 2019 до 16 часот.

Граѓанскиот ресурсен центар е проект финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа плус од Штип.

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

“Чувството на среќа, задоволство и радост од давањето и правењето добро за некого се главните придобивки од волонтирањето“ беше општиот заклучок од Работилницата за волонтерство и развивање програма за волонтирање, одржана онлајн на 6-7 мај 2025 година на платформата...

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанскиот сектор постојано еволуира, под влијание на глобалните и националните случувања. Новите политички реалности, како што е примерот со промените во САД, имаат директен ефект врз стратегиите и приоритетите на граѓанските организации. Оваа динамична природа бара...

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Волонтерството во граѓанските организации и заедници е моќен начин за градење позитивни промени и зајакнување на општеството. Преку ангажирање на волонтери, организациите добиваат поддршка за своите активности, додека волонтерите имаат можност да придонесат, да...