Повик за доделување мали акциски грантови за застапување

10 Сеп 2019

Целта на повикот е поддршка на локалните организации во подготовка и спроведување иницијативи за застапување, придонес кон подобри локални политики и активности на локално ниво. Преку овој повик се очекува да се зголеми придонесот на граѓанските организации во заедницата како и да се подобрат нивните врски со граѓаните. Овој повик ќе поддржи активности кои ќе ја зајакнат локалната демократија, преку застапување на потребите и надминување на проблемите на локално ниво, на пример активности за решавање општествени, еколошки, младински, социјални, родови и други проблеми и предизвици кои се од интерес на локалната заедница.

Мали акциски грантови за застапување

Целокупниот износ на финансиски средства кој е на располагање во рамките на овој повик за грантови изнесува 30.000 евра (1.845.000,00 МКД).

Со овој повик ќе се доделат не повеќе од десет мали грантови со:

  • минимален износ: 2.000 евра (123.000 МКД);
  • максимален износ: 3.000 евра (184.500 МКД).

За овој повик организациите кои ќе поднесат предлог-проект не се обврзани да обезбедат кофинансирање.

Времетраењето на проектите не треба да биде помалку од 4 односно повеќе од 6 месеци.

Рокот за поднесување на апликацијата е 10 октомври 2019 година,  најдоцна до 16:00 часот.

Апликациите се доставуваат на адреса: Граѓански ресурсен центар – ГРЦ, ул. „Кирил и Методиј“ бр. 50, реон 7, 1000 Скопје (наспроти дирекцијата на НЛБ Тутунска банка Скопје) или Ресурсен центар Гостивар, ул. Тоде Богдановски бр. 90, 1230 Гостивар и тоа по пошта (исклучиво со препорачано писмо), по курир или со лична достава.

Потребни документи

Целосните информации во однос на целите и очекуваните резултати од повикот, условите за аплицирање, подобните активности и начинот на аплицирање може да ги најдете во упатството за аплицирање. Самата апликација се состои од: 

  • Формулар за аплицирање;
  • Буџет;
  • Копија од тековната состојба (не постара од 6 месеци) од денот на поднесување на апликацијата;
  • Копиja од наративен и финансиски извештај за 2018 година. 

Секое прашање поврзано со повикот може да се достави на info.gv@rcgo.mk со назнака: Референтен број 11-86/2-2019, најдоцна до 27 септември 2019 година до 16:00 часот.

Прашања и одговори

Информативни сесии

Предвидени се три информативни сесии за претставување на повикот и за поставување прашања и тоа:

  • Информативна сесија на 17 септември (вторник) 2019 година во Тетово од 12:00 часот, во сала на кабинет (општинска зграда), улица Дервиш Цара бб, Тетово;
  • Информативна сесија на 18 септември (среда) 2019 година во Велес од 12:00 часот, во пресконференциска сала (општинска зграда), ул. Панко Брашнар бр.1, 1400 Велес; и
  • Информативна сесија на 19 септември (четврток) 2019 година во Прилеп од 12:00 часот, во Младински информативен и советодавен центар ИНФО СЕГА, ул. Цар Самоил бр. 18, Прилеп.

Ве молиме задолжително да го најавите своето присуство за гореспоменатите термини и локации за информативните сесии најдоцна до 16 септември 2019 година на info.gv@rcgo.mk.

Граѓанскиот ресурсен центар е проект финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа плус од Штип.

Состојбата на младите во руралните општини е алармантна

Состојбата на младите во руралните општини е алармантна

Младите и можностите што граѓанските организации ги нудат за нив беа во фокусот на дискусијата за време на посетата на Мобилниот ресурсен центар во Теарце што се одржа на 19 септември 2023 година. „Имајќи предвид дека само 11% од општините во Македонија имаат...

Повик за учество на Работилница за планирање проекти и пишување на проектна апликација

Повик за учество на Работилница за планирање проекти и пишување на проектна апликација

Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) во рамки на проектот  “ЕУ поддршка за ГРЦ – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, објавува отворен повик за учество на следнава работилница: Генерирање фондови- Работилница за планирање проекти и пишување на проектна...

Зајакнете ја вашата организација со поддршка на ГРЦ

Зајакнете ја вашата организација со поддршка на ГРЦ

🌟 Дали сте посветени активисти, членови или вработени во граѓанска организација, која неуморно работи на позитивни промени во заедницата? Ги разбираме специфичните предизвици со кои се соочувате, а нашите советодавни услуги постојано ви се на располагање за да ја...

Share This