Граѓанскиот ресурсен центар продолжува да ги поддржува граѓанските организации

10 Фев 2023

Задоволство ни е да Ве информираме дека Граѓанскиот ресурсен центар продолжува со работа во следните четири години (1 јануари 2023 – 31 декември 2026) со финансиска поддршка од  Европската Унија.

Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) обезбедува поддршка, информации и ги гради капацитетите на граѓанските организации во Македонија со што придонесува за зајакнато граѓанско општество кое активно учествува во креирање на политиките и ја зајакнува партиципативната демократија.

ГРЦ ќе продолжи да ги поддржува граѓанските организации преку:

  • Обуки, работилници и менторска поддршка за долгорочно планирање, одржливост, видливост, застапување, транспарентно и ефективно работење на граѓанските организации.
  • Информации за повици за финансирање, повици за градење капацитети, законски измени кои влијаат на функционирањето на организациите, информации за други релевантни настани и активности на граѓанските организации и други чинители. Бидете дел од нашата мејлинг листа за да ги добивате овие информации. Доколку сакате ваша информација да биде споделена на нашата листа за дистрибуција, пратете ни ја на [email protected]. Информацијата ќе биде споделена во рок од три работни дена.
  • Можности за информирање, консултирање, дебатирање и вмрежување на граѓанските организации на повеќе од 30 информативни настани, дебати, консултации и настани за вмрежување.
  • Персонализирана поддршка, конкретни насоки и совети на барање преку хелп-деск.
  • Поддршка на терен за локалните организации преку посетите на Мобилниот ресурсен центар.
  • Поддршка при вмрежување и градење партнерства. Креирање на база на активни мрежи на граѓански организации достапна на ресурсната веб страница.
  • Бесплатни простории за организирање на настани во Скопје, Гостивар и Штип како и простор на платформата ЗООМ за организирање на онлајн настаните на граѓанските организации. За користење на просторот испратете онлајн барање.
  • Ресурсни материјали достапни на ресурсната веб-страна.

250.000 евра се издвоени за грантови за локалните организации. Ќе бидат доделени преку 25 грантови во висина до 10.000 евра. Овие грантови ќе бидат поврзани со програмата за градење капацитети, односно организациите кои ќе ги поминат соодветните воведни онлајн обуки, работилници и менторската поддршка, ќе можат понатаму да се пријават на повикот за грантови.

Покрај воспоставените локални ресурсни центри во Штип и Гостивар, на јавен повик ќе бидат избрани антени на ресурсните центри за поддршка во останатите пет плански региони со цел да креираме платформа на ресурсни центри за поддршка на граѓанските организации во државата.

Со истражувањата, анализите и организирањето на настани, ГРЦ ќе продолжи да го следи и поддржува опкружувањето за развој на граѓанското општество, спроведувањето на Стратегијата за соработка со и развој на граѓанското општество, работењето на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, функционирањето на Единствениот национален електронски регистер на прописи (ЕНЕР) и отвореноста на Владата и учеството на јавноста во процесите на креирање политики. Работењето на ГРЦ и активностите на проектот поддржан од Европската Унија ќе го следи и поддржува спроведувањето на целите дефинирани во Насоките за ЕУ поддршка за граѓанското општество во регионот за проширување 2021-2027.

Проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар фаза 2“ е финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанското општество Граѓански ресурсен центар (ГРЦ), Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и проектните партнери Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ), Гостивар и Медиа плус, Штип.

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

“Чувството на среќа, задоволство и радост од давањето и правењето добро за некого се главните придобивки од волонтирањето“ беше општиот заклучок од Работилницата за волонтерство и развивање програма за волонтирање, одржана онлајн на 6-7 мај 2025 година на платформата...

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанскиот сектор постојано еволуира, под влијание на глобалните и националните случувања. Новите политички реалности, како што е примерот со промените во САД, имаат директен ефект врз стратегиите и приоритетите на граѓанските организации. Оваа динамична природа бара...

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Волонтерството во граѓанските организации и заедници е моќен начин за градење позитивни промени и зајакнување на општеството. Преку ангажирање на волонтери, организациите добиваат поддршка за своите активности, додека волонтерите имаат можност да придонесат, да...