Финалисти од Квизот на знаење за одржливо, ефективно и отчетно граѓанско општество

12 Јул 2021

Генерирање фондови; добро управување; транспарентност и отчетност; видливост; вмрежување, градење партнерства и коалиции; вклучување на конституентите во работењето на граѓанските организации; и планирање проекти и пишување проектна апликација; се темите на кои 50 граѓански организации го проверија своето знаење во прелиминарната фаза од Квизот на Граѓанскиот ресурсен центар.

Прелиминарната фаза се одржа онлајн на 23, 25 и 28 јуни, а 16 најдобри организации го заслужија правото да се најдат помеѓу финалистите на квизот што ќе се одржи во живо на 25 август.

Листата на организации финалисти:

  1. Извиднички одред Еквинокс скаут, Штип
  2. ЦККЕР Светла иднина Кочани
  3. Младинска организација Вода плус – Штип
  4. Здружение за поддршка на идентификувани и потенцијани ранливи групи Жртва Скопје
  5. Здружение за заштита и едукација на деца и млади Роми – Прогрес
  6. Агора Центар за промоција на граѓански вредност
  7. Иванов Школа за Лидери – Алумни Асоцијација
  8. Англунипе, Тетово
  9. ЗЗПЗ Виножито
  10. Меморијален центар Фондација Никола Кљусев
  11. Здружение на правници Легал Тинк
  12. ЗБК Креација Скопје
  13. АСК Асоцијација на советници за развој на кариера
  14. Еднаквост, Кочани
  15. ЗИУОС Хајленд еду Струмица
  16. Хуманитарно и добротворно здружение на Ромите Месечина Гостивар

Покрај прашања на теми од огромно значење за одржливо, ефективно и отчетно работење на граѓанските организации, прелиминарната фаза на квизот содржеше и прашање за опис на проектна идеа за организациски развој. Трите најдобри организации во финалето ќе добијат можност да ја спроведат својата проектна идеа со финансиска поддршка од 2.000 евра (за прва награда) и по 1.000 евра (за втора и трета награда) од Граѓанскиот ресурсен центар.

Целта на квизот е организациите да ги зајакнат своите знаења во областа. Дополнително, во втората половина од август, Граѓанскиот ресурсен центар ќе организира дводневна обука за финалистите на темите кои ќе бидат опфатени во финалниот квиз.

Квизот е организиран како завршна активност на Програмата за градење капацитети на граѓанските организации преку која беа обучени над 450 претставници на организации на 21 обука, 9 работилници и 29 менторски сесии. Активностите се спроведен во рамки на Граѓанскиот ресурсен центар, проект финансиран од Европската Унија а спроведуван од Македонски центар за меѓународна соработка во партнерство со Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи, Гостивар.

Одговори на прашањата од прелиминарната фаза на квизот:

Покана за учество на дебата „Дигитална трансформација на граѓанските организации”

Покана за учество на дебата „Дигитална трансформација на граѓанските организации”

Граѓанскиот ресурсен центар има чест да ве покани на онлајн дебатата „Дигитална трансформација на граѓанските организации“, која ќе се одржи на 21 октомври 2024 година (понеделник) со почеток од 12 часот на платформата ЗООМ. Целта на настанот е да се отвори дискусија...

Покана за консултации за измена на одлуката за формирање на Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

Покана за консултации за измена на одлуката за формирање на Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

Одделението за соработка со невладините организации на Генералниот секретаријат на Владата во партнерство со проектите финансирани од Европската Унија „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2” и „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина...

Формирањето на Локален младински совет- предизвик за младите беровчани!

Формирањето на Локален младински совет- предизвик за младите беровчани!

„Формирање на Локален младински совет во нашата општина е предизвик со кој во моментов се соочуваме“ истакнаа претставниците на локалните организации и младите активисти од Берово, на средбата со тимот на Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ), која се одржа на 03 октомври...