Еквинокс скаут – организацијата која го „воскресна“ извидништвото во Штип

3 Јун 2019

Кои се Еквинокс скаут Штип?

Тие се група млади, пред се средношколци, кои сакаат активно да учествуваат на сите настани кои извидништвото ги нуди. За себе велат дека имаат премногу енергија, идеи, љубопитност, желба и ентузијазам, но се соочиле со фактот дека младите во Штип немаат можности за корисно исполнување на слободното време ниту доволно настани.

Листата на причини зошто постојат е долга: сакаат да го пополнат недостатокот на неформално образование, да ги запознаваат младите со извидништвото, а исто така важни им се дружбата и забавата, ширењето нови познанства и запознавањето нови култури.

Во март 2018 година организацијата е регистрирана во Централниот регистар и официјално го „воскресна“ извидништвото во Штип.

Каква поддршка им пружи ГРЦ?

„Нашата врска со ГРЦ е нешто посебно и таа трае уште пред официјално да почне да функционира Извидничкиот одред Еквинокс Скаут. Таа врска започна уште со раѓањето на нашата идеа за формирање организација и тоа преку советите, информациите, мотивацските зборови на вработените во ГРЦ за кои неизмерно сме им благодарни“, вели Дарко Тошиќ од И.О. Еквинокс Скаут.

Како најзначајни ги издвои обуката за пишување проекти и користењето простор за одржување на најразлични активности, од обични неделни состаноци до средби со родители, па дури и прославата на нивниот прв роденден.

Што е сменето од почетокот до сега?

Преку навидум ситни услуги кои ГРЦ им ги пружил, организацијата значително се развила, има зацврстени капацитети, а исто така има зголемено членство.

Кои се плановите за иднината на Еквинокс скаут Штип?

Нешто што најскоро ќе се случува е летниот извиднички камп на кој учество ќе земат 50-тина извидници и потенцијални извидници. Покрај летниот камп, Еквинокс организираат и бројни настани како едукативни и рекреативни работилници и игри, авантуристички и адреналински активности како што се хајкови, излети, стреличарство, сплаварење, трекинг, бивак итн.

Освен тоа, планираат да се посветат на организациско структурно јакнење и планираат да формираат група на постари извидници во која ќе членуваат возрасни луѓе (пред се’ родители) за што веќе има пројавено интерес.

ГРЦ Штип ќе продолжи да го поддржува овој извиднички одред преку споделување информации, давање насоки и едукативни консултации. Драго ни е што учествуваме во растењето и зајакнувањето на организација која промовира вистински вредности и придонесува за создавањето на подобар свет.

Отпочнување на консултации: Повик за предлози за граѓански и медиумски организации, ИПА III Инструмент за поддршка на граѓанското општество (CSF) и медиумите 2024–2025 година, Република Северна Македонија

Отпочнување на консултации: Повик за предлози за граѓански и медиумски организации, ИПА III Инструмент за поддршка на граѓанското општество (CSF) и медиумите 2024–2025 година, Република Северна Македонија

Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија започнува консултации со граѓанското општество и другите засегнати страни за дефинирање на приоритетните теми и другите важни елементи на претстојните повици за предлози во рамките на ИПА III Инструмент...

Заинтересираните граѓански организации се информираа за повикот за избор на членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество  

Заинтересираните граѓански организации се информираа за повикот за избор на членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество  

Во периодот од 23 до 28 јануари 2025 година околу 100 претставници на граѓански организации се информираа за повикот за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженија и фондации, на четирите...

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Информативни сесии На 20 јануари 2025 година, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија објави јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженија и...