17 организации научија нови методи и техники за мобилизирање ресурси

11 Фев 2019

Oбуката за мобилизирање ресурси се одржа на 7 и 8 февруари во Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје, на која учество зедоа 17 претставници на граѓански организации. Тие се запознаа со различните можности за финансирање на организациите, алатки за подготвување на стратегии и планирање на активности за мобилизирање ресурси. Преку практични вежби учесниците направија проценка на одржливоста на својата организацијата, мапирање на изворите на ресурси а исто така одредија стратешки цели и поставија индикатори за успех во активности за мобилизирање на ресурси.

„Обуката беше и повеќе од корисна, бидејќи научивме многу нови методи и техники за мобилизацијата на ресурси, што ќе влијаат позитивно на подбрувањето на одржливоста и успешноста на организацијата. Најпродуктивно беше тоа што низ практичните вежби, со пластични примери, навлеговме во суштината на начините за мобилизација на фондови и ресурси, кое многу ќе ни помогне при барање поддршката од донаторите“, изјави Жаклина Цветковска од РЦС Спектар, Крива Паланка.

Од обуката за мобилизирање ресурси

Најголем дел од прашањата на присутните беа одговорени на самата обука, а нивното знаење и вештини се значително зголемени со обуката. Дополнително неколку организации истакнаа дека по обуката ќе работат во своите организации на подготвување на стратешки план за мобилизирање на ресурси. Во оценката од обуката, неколку организации наведоа потреба од организирање на обуки за подготвување на проектна апликација и управување со проектен циклус.

Обуката се одржа во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар, а ја спроведе експертот Лилјана Алчева.

Оваа обука е дел од програмата за градење капацитети на граѓанските организации спроведувана во рамки на Граѓанскиот ресурсен центар, проект финансиран од Европската Унија а спроведуван од Македонски центар за меѓународна соработка во партнерство со Асоцијација за демократски иницијативи од Гостивар и Медиа плус од Штип.

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

“Чувството на среќа, задоволство и радост од давањето и правењето добро за некого се главните придобивки од волонтирањето“ беше општиот заклучок од Работилницата за волонтерство и развивање програма за волонтирање, одржана онлајн на 6-7 мај 2025 година на платформата...

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанскиот сектор постојано еволуира, под влијание на глобалните и националните случувања. Новите политички реалности, како што е примерот со промените во САД, имаат директен ефект врз стратегиите и приоритетите на граѓанските организации. Оваа динамична природа бара...

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Волонтерството во граѓанските организации и заедници е моќен начин за градење позитивни промени и зајакнување на општеството. Преку ангажирање на волонтери, организациите добиваат поддршка за своите активности, додека волонтерите имаат можност да придонесат, да...