Во Крушево се формира првото Локално собрание на млади — историски чекор што ќе им овозможи на младите директно да учествуваат во креирање локални политики. За прв пат се усвоија измени на Статутот на општината и се формираше Локално собрание на млади.
Оваа иницијатива е дел од проектот „Младите се гласот на промените во општините“, финансиран од Европската унија а спроведуван од Здружение Младински Совет Прилеп во партнерство со Здружение на млади Емпауринг Крушево.
Проектот има за цел да ја зајакне локалната демократија преку активно граѓанство и социјална инклузија на младите во локалните процеси. Оваа цел веќе се претвора во реалност преку зголеменото учество и влијание на младите во одлучувањето.

Над 160 млади од Прилеп и Крушево учествуваа во работилници за младинско учество и активизам, стекнувајќи знаења и вештини согласно Законот за младинско учество и младински политики (ЗМУМП).

Општината го отвори патот за младинско учество со промени во Статутот и подготовка на првиот јавен повик за Младински совет. Проектот го помогна процесот преку обезбедување на административна и техничка поддршка за примена на процедурите од Законот, вклучително и застапување за отворање на јавнот повик како и поддршка при подготовка на документите за повикот.
Овие активности претставуваат важен исчекор кон институционализирање на младинското учество и отвораат нови можности за младите да бидат активни чинители во креирањето на локалните политики.
Овие активности се само почеток на поголема цел — младите да бидат вистински чинители во развојот на своите општини.
„Младите се гласот на промените во општините“ е проект спроведуван од Здружение Младински Совет Прилеп во партнерство со Здружение на млади Емпауринг Крушево. Овој проект е субгрант добиен во рамки на „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансиран од Европската Унија.




