Здружение- Балкански Институт за регионална соработка, Тетово

24 Јун 2025

m

НАСЛОВ НА ПРОЕКТОТ

Гласови на еднаквост, демократија за сите

Спроведуван од: Здружение- Балкански Институт за регионална соработка, Тетово

Локација: Полошки регион

291897628 443772294421846 9018879588145017239 n

ЦЕЛ НА ПРОЕКТОТ

Да го поттикне и зајакне активното учество на жените, младите и помалите етнички заедници во целокупниот изборен процес на локално ниво, преку зајакнување на нивниот глас во јавниот и медиумскиот простор во предизборниот период, за време на изборите и во постизборниот период.

ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

Р.1. Точен одраз на моменталната состојба на вклученост на жените, младите и помалите етнички заедници во јавниот живот и процесот на одлучување на локално ниво.
Р.2. Подигнување на свеста за потребата од поактивно учество на овие општествени групи во јавниот живот и процесот на одлучување на локално ниво.
Р.3. Проширен извештај од мониторингот на вклученоста на жените, младите и помалите етнички заедници на локалните избори во 2025 година.
Р.4. Поголема вклученост на жените, младите и помалите етнички заедници во целиот изборен процес, вклученост во институциите и одлучувањето, зголемена транспарентност и отчетност.

ВРЕМЕНСКИ ПЕРИОД

9 месеци

БУЏЕТ

9.980 евра