Здружение на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје

24 Јун 2025

m

НАСЛОВ НА ПРОЕКТОТ

Фер трошење за фер избори: Следење на јавните набавки на општините во изборната година

Спроведуван од: Здружение на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје

Локација: национално ниво

499756928 1122470123250639 6680702851537724955 n

ЦЕЛ НА ПРОЕКТОТ

Да придонесе за зголемена транспарентност и отчетност во локалната власт преку следење на трошоците за јавни набавки во општините во изборната година, намалувајќи ги можностите за злоупотреба на јавни средства за остварување изборна предност.

ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

Р.1. Подобрена транспарентност преку следење и известување за трендовите во трошењето на јавните средства во општините, со што се намалуваат можностите за нивна злоупотреба во изборите.
Р.2. Зголемена јавна свест преку подобро информирање на граѓаните и медиумите за трошоците за јавните набавки во изборната година, што доведува до поголема јавна контрола и одговорност.
Р.3. Зголемен ангажман на медиумите преку медиумските извештаи и покривањето на наодите од трендовите во јавните набавки што придонесуваат за избалансирани и засновани на факти дискусии за трошењето во изборната година.
Р.4. Зголемена одговорност за ранливите категории преку проценка дали зголемените набавки ги подобруваат условите за живот и работа на жените, младите и маргинализираните групи што придонесува за подобрување на одговорноста при распределба на јавните средства во однос на овие луѓе.

ВРЕМЕНСКИ ПЕРИОД

9 месеци

БУЏЕТ

9.984 евра