Нов акциски план за Отворено владино партнерство

10 Апр 2018

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во рамки на проектот „Национален ресурсен центар за граѓанските организаци“ финансиран од ЕУ го поддржа Министерство за информатичко општество и администрација (МИОА) при спроведувањето на четири тематски состаноци на 26, 29, 30 март и 2 април во ЕУ Инфо центарот. Тие се однесуваа на процесот на отворено владино партнерство и ги покриваат темите: транспарентсноста и отчетноста; спречувањето на корупција и промовирањето на доброто владеење; ефективните јавни услуги и доброто владеење на локално ниво; и демократски медиумски амбиент и медиумските слободи.

Учество на состаноците земаа 102 граѓани – претставници на граѓански организации и на државни институции. Тие имаа можност заедно да дискутираат за мерките и активностите кои би можеле да се вклучат во четвртиот национален акциски план за Отворено владино партнерство 2018-2020. На состаноците беше истакнато дека преку заедништво на граѓанските организации и државните институции ќе се здружат напорите и финансиските ресурси за поуспешно спроведување на предложените мерки. Исто така беше истакната потребата од позајакнато партнерство на владините институции и граѓанскиот сектор не само при креирање на планот, туку и при неговото спроведување.

Извештаите од тематските состаноци вклучувајќи ги и дискутираните и предложените мерки и активности се испратени во МИОА и истите ќе бидат земени предвид за новиот акциски план за Отворено владино партнерство 2018-2020.

Националниот ресурсен центар за граѓански организации е проект финансиран од Европската Унија а спроведуван од Македонски центар за меѓународна соработка во партнерство со Асоцијација за демократски иницијативи АДИ од Гостивар и Медиа плус од Штип.