Заинтересираните граѓански организации се информираа за повикот за избор на членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество  

31 Јан 2025

Во периодот од 23 до 28 јануари 2025 година околу 100 претставници на граѓански организации се информираа за повикот за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженија и фондации, на четирите информативни сесии кои Граѓанскиот ресурсен центар во партнерство со Одделението за соработка со невладините организации на Генералниот секретаријат на Владата ги организираше во Скопје, Гостивар, Битола и Радовиш.

Целта на овие информативни сесии беше граѓанските организации да се информираат за клучните надлежности и улогата на Советот со фокус на процесот на избор, условите и критериумите за подобност, роковите и начинот на гласање за пријавените кандидати за членови на Советот од редот на здруженија и фондации. На овие информативни сесии, претставникот од Генералниот секретаријат на Владата детално го презентираше повикот и формуларот за аплицирање на повикот за избор на членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите. Организациите има можност да поставуваат прашања и да добијат дополнителни појаснувања за повикот, изборот и гласањето.

Најчесто поставуваните прашања на овие четири информативни сесии се однесуваа на дополнително објаснување на критериумите за аплицирање како и процесот на гласање за кандидатите од редот на граѓански организации. На сите информативни сесии беше истакнато дека секоја пријава мора да содржи кандидат за член и заменик член и организациите кои што пријавуваат кандидати или што гласаат за дадени кандидати можат да пријавата кандидат односно да гласаат само во областите кои што им се наведени како области на делување во нивните статути.

Дополнително, настанот послужи и за информирање на организациите за претстојните промени во правната рамка за подобрување на овозможувачката средина за развој на граѓанското општество во земјата како и за процесот на изготвувување на новата Стратегија за соработка со и развој на граѓанското општество со Акциски план за 2025-2028.

Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество се формира со Одлука на Владата на Република Северна Македонија, како советодавно тело на Владата за унапредување на соработката, дијалогот и поттикнување на развојот на граѓанското општество во Македонија, за што Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија на 20 јануари 2025 година објави јавен повик.

Краен рок за аплицирање е 4 февруари 2025 година.

Во рок од 8 дена по завршување на јавниот повик, на www.nvosorabotka.gov.mk Одделението за соработка со невладини организации ќе објави извештај за пријавените организации со кандидатите кои ги исполниле условите од јавниот повик, со повик до граѓанските организации да го дадат својот глас за еден од кандидатите, во секоја од областите на делување на организацијата наведена во статутот.

Информативните сесии беа организирани во рамки на проектот „ЕУ поддршка на Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар.

Отпочнување на консултации: Повик за предлози за граѓански и медиумски организации, ИПА III Инструмент за поддршка на граѓанското општество (CSF) и медиумите 2024–2025 година, Република Северна Македонија

Отпочнување на консултации: Повик за предлози за граѓански и медиумски организации, ИПА III Инструмент за поддршка на граѓанското општество (CSF) и медиумите 2024–2025 година, Република Северна Македонија

Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија започнува консултации со граѓанското општество и другите засегнати страни за дефинирање на приоритетните теми и другите важни елементи на претстојните повици за предлози во рамките на ИПА III Инструмент...

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Информативни сесии На 20 јануари 2025 година, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија објави јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженија и...

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

На 26 декември 2024 се одржа онлајн обука за избраните грантисти на повикот за акциски грантови за локални иницијативи. На настанот беа обучени претставници на 28 организации, кои во следните девет месеци ќе спроведуваат акциски грантови за локални иницијативи во...