Заинтересираните граѓански организации се информираа за повикот за акциски грантови за локални иницијативи

30 Сеп 2024

Во периодот од 20 до 25 септември 2024 година, тимот на Граѓанскиот ресурсен центар организираше четири информативни сесии во Гостивар, Штип, Битола и Скопје за Повикот за Акциски грантови за локални иницијативи.

На овие информативни сесии над 80 заинтересирани претставници на граѓанските организации се информираа за условите на повикот.

Од страна на тимот на Граѓанскиот ресурсен центар беше истакнато дека целта на овој повик е зајакнување на локалните организации, стимулирање и зголемување на нивниот придонес во заедницата и јакнење на нивната врска со нивните конституенти и граѓаните, воопшто. Овој повик ќе поддржи иницијативи кои се однесуваат на пошироката заедница и ќе се однесува на прашања кои подразбираат зајакнување на локалната демократија, активното граѓанство и општествената одговорност преку надминување на горливи локални прашања, вклучувајќи, на пример, активности за решавање општествени, еколошки, младински, социјални, родови и други предизвици кои се од интерес на локалната заедница.

Покрај целта, на информативните сесии детално беа објаснети условите на повикот,  критериумите за подобност, како и форматите и начинот на аплицирање. 

Најчесто поставуваните прашања на овие информативни сесии беа поврзани со сличностите и разликите на критериумите кои треба да ги исполнуваат носителот на апликацијата и ко-апликантот, начинот на пополнување на формуларот за аплицирање и неговите прилози, како и прашања поврзани со петте онлајн обуки на ГРЦ Академијата, како еден од задолжителните критериуми за подобност на овој повик.

Поставените прашања и одговори од информативните сесии, како и оние поставени на info@rcgo.mk ќе бидат објавени на веб страницата www.rcgo.mk не подоцна од 15 октомври 2024 година.

Крајниот рок за поставување прашања на е-маил адресата: info@rcgo.mk поврзани со повикот е 10 октомври 2024 г. до 17:00 часот.

Сите заинтересирани за повикот за акциски грантови за локални иницијативи, своите апликации треба да ги достават најдоцна до 30 октомври 2024 година,  до 17:00 часот, исклучиво на следнава е-поштаinfo@rcgo.mk.

Информативните сесии беа организирани во рамки на проектот „ЕУ поддршка на Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка, Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар.

Покана за учество на дебата „Дигитална трансформација на граѓанските организации”

Покана за учество на дебата „Дигитална трансформација на граѓанските организации”

Граѓанскиот ресурсен центар има чест да ве покани на онлајн дебатата „Дигитална трансформација на граѓанските организации“, која ќе се одржи на 21 октомври 2024 година (понеделник) со почеток од 12 часот на платформата ЗООМ. Целта на настанот е да се отвори дискусија...

Покана за консултации за измена на одлуката за формирање на Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

Покана за консултации за измена на одлуката за формирање на Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

Одделението за соработка со невладините организации на Генералниот секретаријат на Владата во партнерство со проектите финансирани од Европската Унија „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2” и „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина...

Формирањето на Локален младински совет- предизвик за младите беровчани!

Формирањето на Локален младински совет- предизвик за младите беровчани!

„Формирање на Локален младински совет во нашата општина е предизвик со кој во моментов се соочуваме“ истакнаа претставниците на локалните организации и младите активисти од Берово, на средбата со тимот на Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ), која се одржа на 03 октомври...