Повик за Акциски грантови за локални иницијативи

2 Сеп 2024

Целта на овој повик е зајакнување на локалните организации, стимулирање и зголемување на нивниот придонес во заедницата и јакнење на нивната врска со нивните конституенти и граѓаните, воопшто. Овој повик ќе поддржи иницијативи кои се однесуваат на пошироката заедница и ќе се однесува на прашања кои подразбираат зајакнување на локалната демократија, активното граѓанство и општествената одговорност преку надминување на горливи локални прашања, вклучувајќи, на пример, активности за решавање општествени, еколошки, младински, социјални, родови и други предизвици кои се од интерес на локалната заедница.

При спроведувањето на овие грантови, активностите треба да бидат од јавен интерес  со употреба на пристапот заснован на права, поттикнувајќи грижа за родовиот баланс, маргинализираните групи и локалните заедници.

Акциски грантови за локални иницијативи

Целокупниот износ на финансиски средства кој е на располагање во рамките на овој повик за грантови изнесува 140.000 евра (8.603.000 МКД).

Со овој повик ќе се доделат не повеќе од четиринаесет грантови, каде износот на секој поединечен грант може да биде:

  • минимален износ: 9.000 евра (553.050 МКД);
  • максимален износ: 10.000 евра (614.500 МКД).

Организациите кои ќе поднесат апликација на овој повик не се обврзани да обезбедат кофинансирање. Грантот ќе покрие 100% од вкупните подобни трошоци.

Акцијата треба да биде со времетраење од точно 9 месеци.

Рокот за поднесување на апликација е 30 октомври 2024 година,  најдоцна до 17:00 часот (македонско време).

Апликациите треба да се достават исклучиво на следнава е-пошта: info@rcgo.mk како единствена е-порака со наслов  „Повик за апликации – акциски грантови за локални иницијативи“.

Целосните информации во однос на целите и очекуваните резултати од повикот, условите за аплицирање, подобните активности и начинот на аплицирање може да ги најдете во Упатството за аплицирање.

Потребни документи

Пополнет формулар за аплицирање (преземи го формуларот тука) и следниве прилози:

  • Прилог 1. Буџет и Оправданост на трошоци (1а. Буџет; 1б. Оправданост на буџет) (преземи го формуларот за буџет тука);
  • Прилог 2 . Доказ за правен статус на носителот на апликацијата и ко-апликантот (потврда за тековна состојба издадена од Централниот регистар, не постара од шест месеци, сметајќи наназад од денот на поднесување на апликацијата); се прифаќаат и скенирани верзии;
  • Прилог 3. Копиja од наративен и финансиски извештај на носителот на апликацијата за 2023 година. 
  • Прилог 4. Копиja од наративен и финансиски извештај на ко-апликантот за 2023 година (ако е релевантно). 
  • Прилог 5. Скенирана Изјава на носителот на апликацијата (пополнета и потпишана од неговиот законски застапник – Точка 7 од Формуларот за аплицирање – Изјава на организацијата Носител на апликацијата).
  • Прилог 6. Скенирана Изјава на ко-апликантот (пополнета и потпишана од неговиот законски застапник – Точка 8 од Формуларот за аплицирање – Изјава на организацијата Ко-апликант.

Секое прашање поврзано со повикот може да се достави на следнава е-пошта: info@rcgo.mk со назнака: Прашање за повик со референтен број 08-32/3-2024, најдоцна до 10 октомври година до 17:00 часот (македонско време).

Прашања и одговори

Одговори на поставени прашања во врска со повикот за  Акциски грантови за локални иницијативи

Преземи (наскоро)

Информативни сесии

Предвидени се четири информативни сесии за претставување на повикот и за поставување прашања и тоа:

  • Информативна сесија на 20 септември (петок) 2024 година во РЦ Гостивар од 13:00 часот;
  • Информативна сесија на 23 септември (понеделник) 2024 година во РЦ Штип од 12:00 часот;
  • Информативна сесија на 24 септември (вторник) 2024 година во Битола од 12:00 часот; и
  • Информативна сесија на 25 септември (среда) 2024 година во ГРЦ, Скопје од 12:00 часот.

Ве молиме задолжително да го најавите своето присуство за гореспоменатите термини и локации за информативните сесии најдоцна до 19ти септември 2024 година.

Пријава за информативна сесија (Акциски грантови за локални иницијативи)

Ве молиме имајте на ум дека овие термини може да се променат. Се поттикнуваат организациите ажурно да ја следат веб-страницата и фејсбук-страницата на ГРЦ за да добијат навремени информации за веќе поставените прашања и одговори, како и за точното време и локации на кои ќе се одржат информативните сесии.

Акциските грантови за локални иницијативи се дел од проектот „ЕУ поддршка на Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“ финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка, Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар.

Заинтересираните граѓански организации се информираа за повикот за акциски грантови за локални иницијативи

Заинтересираните граѓански организации се информираа за повикот за акциски грантови за локални иницијативи

Во периодот од 20 до 25 септември 2024 година, тимот на Граѓанскиот ресурсен центар организираше четири информативни сесии во Гостивар, Штип, Битола и Скопје за Повикот за Акциски грантови за локални иницијативи. На овие информативни сесии над 80 заинтересирани...

ГРЦ започна со активности на локално ниво преку избраните регионални експерти

ГРЦ започна со активности на локално ниво преку избраните регионални експерти

Анита Гаговска Тренчевска и Златко Талевски ги започнаа своите активности како регионални експерти од граѓанското општество кои ќе бидат контакт точки на ресурсните центри на ГРЦ за поддршка и зајакнување на локалните организации. Тие беа избрани на отворениот Повик...

Силна волја за зајакнување на соработката меѓу Владата и граѓанското општество

Силна волја за зајакнување на соработката меѓу Владата и граѓанското општество

„Граѓанските организации се гласот на народот, каналот преку кој граѓаните ги изразуваат своите потреби, идеи и визии. Но, за да може овој глас да биде доволно силен и влијателен, потребна е поддршка, разбирање и координирана соработка со државните институции. Нашата...