Заедно до подобро лекување за сите!

15 Јул 2024

“Заедно до подобра здравствена заштита за сите“ беше една од целите на Консултативната средба помеѓу Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија (ФЗО) и граѓанските организации од областа на здравството, која се одржа на 11 јули 2024 година во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје.   

Средбата беше за почетно запознавање и израз на отвореност на ФЗО за дијалог и отворен однос кон предизвиците со кои се соочуваат граѓаните, како и кон предлозите за нивно надминување.

На оваа средба, директорот на ФЗО, Сашо Клековски, истакна дека е важно да се отвори канал на комуникација со пациентите, за да може здравствениот систем да биде поефикасен и подобар, искажувајќи ја притоа посветеноста на ФЗО за подобри здравствени услуги за сите пациенти во Република Северна Македонија. “Меѓудругото, планот на ФЗО е значајно да се подигне степенот на дигитализација, со што би се намалиле долгите административни процедури. Дигитализацијата ќе ја намали и можноста за злоупотреби, а во исто време, ќе ја подобри услугата на пациентите.“, рече директорот Сашо Клековски. “Борбата против корупцијата во секторот е исто така многу важна и од суштинско значење е на ова да се посвети посебно внимание“, додаде тој.

На оваа средба, од страна на присутните граѓански организации беа презентирани состојбите со кои се соочуваат нивните конституенти.

Маргинализираните заедници и засегнатите страни кои се наши целни групи се соочуваат со низа проблеми при остварување на здравствената заштита“ истакна Хајди Штерјова Симоновиќ  од ХОПС-Опции за здрав живот од Скопје. Меѓудругите, таа посебно ги истакна проблемите на лицата кои издржуваат затворски казни, а во периодот на издржување на казните немаат обезбедено здравствено осигурување, ниту тие лично, ниту членовите на нивните семејства. Со слични предизвици поврзани со здравственото осигурување се соочуваат и жртвите на родово базирано насилство и лицата без документи, а посебно ги истакна жените земјоделки кои немаат право на платено породилно отсуство.

Во текот на дискусијата, од страна на граѓанските организации беа презентирани низа предизвици со кои се соочуваат онколошките и палијативните пациенти, како и оние со бубрежни заболувања и ретки болести. Меѓудругото, тие ги истакнаа проблемите со кои се соочуваат, а се поврзани со застарени лекови и други медицински помагала кои се на “позитивната листа“, долгите и сложени бирократски процедури за рефундирање на однапред платени средства за лекување, недостаток на медицински персонал во клиниките и амбулантите во кои се лекуваат, недостаток на термини во системот “мој термин“ и сл. Исто така, истакнаа дека во лоши временски услови, хроничните и онколошките пациенти не се опфатени во одлуките на Владата за ослободување од работа, како што се ослободени бремените жени и лицата над 60 годишна возраст. Претставникот од Хуманитарни акции.мк предложи ФЗО да одреди Лице за односи со јавност, посебно за граѓанските организации.

Претставниците  од Здружението за поддршка на палијативни пациенти и нивните семејства ПАЛИУМ од Скопје зборуваа за предизвиците со кои се соочуваат палијативните пациенти и некои можности за нивно надминување, посебно истакнувајќи ја потребата од Национална стратегија за палијативните пациенти, која Македонија ја нема.

На крајот од средбата, директорот на ФЗО ги покани присутните своите предлози да ги испратат на е-маил, уште еднаш потенцирајќи ја отвореноста и посветеноста на ФЗО заеднички да се допринесе кон подобра здравствена заштита за сите граѓани: “Само со транспарентен однос може да се гради доверба, да се решаваат наталожените проблеми и да има резултати“, истакна Клековски, додавајќи дека средбите ќе бидат постојана пракса од работата на Фондот.

Консултативната средба беше организирана во рамки на проектот „ЕУ поддршка на Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар.

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Волонтерството во граѓанските организации и заедници е моќен начин за градење позитивни промени и зајакнување на општеството. Преку ангажирање на волонтери, организациите добиваат поддршка за своите активности, додека волонтерите имаат можност да придонесат, да...

Организациите заинтересирани за повиците за предлози во рамките на ИПА III Програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2024-2025

Организациите заинтересирани за повиците за предлози во рамките на ИПА III Програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2024-2025

“Ја препознаваме важната и значајна улога на граѓанското општество и медиумите што ја имате во земјата и сакаме да помогнете во спроведување на клучните реформи. Сакаме да промовираме подобра демократизација, почитување на основните права, меѓународните стандарди и...

Дигиталната технологијата може да ги поедностави процесите и да го зајакне ангажманот со заедницата

Дигиталната технологијата може да ги поедностави процесите и да го зајакне ангажманот со заедницата

Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) продолжува да ги јакне граѓанските организации на теми кои придонесуваат кон нивно ефикасно и ефективно делување. Овој пат, фокусот беше ставен на дигиталната трансформација како една од клучните области на Стратешката агенда на ЕУ...