„Волонтирањето е паметно донирање во заедницата“

6 Дек 2019

Нема возрасна граница за волонтери, а за да го поттикнеме волонтерството, треба истото да го промовираме, рече Мирјанка Алексевска од Министерство за труд и социјална политика, за време на информативната дискусија „Како граѓанските организации да го поттикнат волонтирањето?“, која ГРЦ ја организираше на 4 декември 2019 година, во Штип. Таа дополнително истакна дека рокот на важност на Стратегијата за волонтерство (2010-2015) и нејзиниот План за спроведување е завршен, со што постои доволно добра основа за подготовка на нова стратегија на која треба што поскоро да почне да се работи.

Над 70 учесници се информираа за волонтерството, законската рамка и насоките за поттикнување на волонтерството, особено од аспект на граѓанскиот активизам и јакнењето на свеста за важноста од волонтерскиот ангажман во граѓанскиот сектор.

Виктор Мирчевски од здружението Конект истакна дека многу е важно волонтирањето да се разбере од аспект на вредности или како што во нивното здружение често знаат да кажат: „Волонтирањето е паметно донирање во заедницата“. Тој ја претстави платформата http://konekt.org.mk/volonterstvo/како алатка која им помага на организаторите на волонтерска работа и на волонтерите да го разберат подобро законот за волонтерство, како и обврските кои произлегуваат од овој закон.

„Настрана од волонтерските центри и организациите кои се базираат на членство и волонтерски труд, секоја граѓанска организација треба да биде организатор на волонтерска работа“, рече Мирчевски. Тој го сподели и Водичот за организатори на волонтерска работа изработен од Конект, кој се осврнува на процесот на регрутирање на волонтери, начинот на следење на нивната работа и начинот на мотивација. Освен тоа, Мирчевски додаде дека бизнисите иако не се организатори на волонтерска работа, сепак можат да ги поттикнат своите вработени да волонтираат преку различни методи на мотивација и со помош на граѓанските организации значително да придонесат кон вистинско јавно добро.

Локалниот волонтерски советкој функционира како дел од Општина Битола е успешна локална приказна за обединување на сите групи кои работат на тема волонтерство. Маја Ангеловска од Младинскиот културен центар Битола истакна дека ова тело втора година по ред добива средства од буџетот на Oпштина Битола наменети за волонтерски акции, организира недела на волонтерство и го одбележува 5 декември, Меѓународниот ден на волонтерството, доделувајќи признанија на најактивните волонтери. Во иднина тие ќе работат на предизвикот да се креира континуирана програма и да се спроведуваат активности на тема волонтерство во текот на целата година.

За искуствата и предизвиците при промовирање на волонтерството говореше Драгана Митровиќ од Младинскиот клуб, Штип. „Волонтирањето кај нас не е лесно, особено бидејќи имаме култура на неволонтирање и несоодветно разбирање на волонтирањето во заедницата“, рече Митровиќ. Таа ја потенцираше важноста на стекнатите знаења, практичната работа која не се добива преку формалното образование и познанствата кои се непроценлив ресурс добиен преку волонтирањето.

Граѓанскиот ресурсен центар ги организира овие дискусии со цел да им обезбеди простор на организациите и другите засегнати страни да дебатираат, дискутираат, да покренат иницијативи или да бидат информирани за прашања соодветни за нивното функционирање.

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Волонтерството во граѓанските организации и заедници е моќен начин за градење позитивни промени и зајакнување на општеството. Преку ангажирање на волонтери, организациите добиваат поддршка за своите активности, додека волонтерите имаат можност да придонесат, да...

Организациите заинтересирани за повиците за предлози во рамките на ИПА III Програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2024-2025

Организациите заинтересирани за повиците за предлози во рамките на ИПА III Програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2024-2025

“Ја препознаваме важната и значајна улога на граѓанското општество и медиумите што ја имате во земјата и сакаме да помогнете во спроведување на клучните реформи. Сакаме да промовираме подобра демократизација, почитување на основните права, меѓународните стандарди и...

Дигиталната технологијата може да ги поедностави процесите и да го зајакне ангажманот со заедницата

Дигиталната технологијата може да ги поедностави процесите и да го зајакне ангажманот со заедницата

Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) продолжува да ги јакне граѓанските организации на теми кои придонесуваат кон нивно ефикасно и ефективно делување. Овој пат, фокусот беше ставен на дигиталната трансформација како една од клучните области на Стратешката агенда на ЕУ...