fbpx

Уникатен простор за заедничко креирање промени

9 Авг 2018

„Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) го чувствувам како уникатен простор кој им нуди можност на граѓанските организации да се среќаваат меѓу себе, со граѓаните и со други страни за заеднички да креираат добри промени. Можноста за бесплатен простор за активности за граѓанските организации и нивно поврзување со граѓаните е важен потстрек за развој на граѓанското општество“, изјави Виктор Мирчевски од здружението Конект.

Конект беше првата организација која организираше свој настан во ресурсниот центар во Скопје. Во периодот од мај до јули 2018 година, околу 15 организации ја искористија можноста да спроведат свои настани во центрите во Скопје, Штип и Гостивар.

Покрај за граѓанските организации, просториите се достапни и за државни институции, неформални групи и активисти за организирање на нивни настани доколку целта и темата на настанот е поврзана со граѓанското општество. Сепак, предност имаат помалите граѓански организации кои немаат сопствени канцеларии или финансиски можности за изнајмување на простор.

Обезбедувањето простор за организирање настани е голем проблем за организациите, особено малите кои работат на локално ниво. ГРЦ прави напори за надминување на овој проблем во Скопје, Штип и Гостивар преку обезбедување на целосно опремени простории за одржување состаноци, обуки, работилници, дебати и други настани.

Ова е само една од низата активности што ГРЦ ги спроведува за поддршка на организациите. ГРЦ е тригодишен проект финансиран од Европската Унија а спроведуван од Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа плус од Штип.

Промоцијата на волонтерството и можностите за волонтирање изостануваат, а интерес меѓу младите ИМА!

Промоцијата на волонтерството и можностите за волонтирање изостануваат, а интерес меѓу младите ИМА!

“Промоцијата на волонтерството и можностите за волонтирање изостануваат, а интерес меѓу младите ИМА!“ беше општиот заклучок од дебатата „Да разговараме за МЛАДИТЕ И ВОЛОНТИРАЊЕТО“, со која Граѓанскиот ресурсен центар, вчера, на 5ти декември 2024, во РЦ Штип, заедно со...

Работилница за дигитална трансформација на граѓанските организации

Работилница за дигитална трансформација на граѓанските организации

Граѓанскиот ресурсен центар во рамки на проектот  “ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, објавува отворен повик за учество на работилница за дигитална трансформација на граѓанските организации што ќе се оддржи на...

Организациите во Новаци имаат потреба од јакнење на нивните капацитети за поголемо влијание на локално ниво

Организациите во Новаци имаат потреба од јакнење на нивните капацитети за поголемо влијание на локално ниво

На 28 ноември 2024 година, во салата на Советот на општина Новаци локалните организации и активистите од оваа општина се информираа за актуелностите за развој на граѓанското општество на локално и национално ниво, можностите за финансирање и јакнење на граѓанските...