Советот – мост меѓу граѓанските организации и Владата

25 Мар 2021

Граѓанскиот ресурсен центар ги поканува сите заинтересирани да учествуваат на онлајн настанот Советот – мост меѓу граѓанските организации и Владата што ќе се одржи на 30 март 2021г. од 13:00 часот на платформата ЗООМ.

Целта на настанот е да се информираат граѓанските организации за улогата и важноста на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, досегашното работење на Советот како и да се мотивираат и поттикнат здруженијата и фондациите организирано да пристапат кон изборот за нови членови.

На настанот ќе се обрати тековната претседателка на Советот, Фани Каранфилова-Пановска која ќе зборува за улогата на Советот, важноста на учеството на организациите во Советот како и за работењето на Советот во претходните три години.

За комуникацијата, консултирањето, вклучувањето и претставувањето на граѓанскиот сектор во Советот ќе зборува Сабина Факиќ, членка на Советот, а свое обраќање ќе има и Ирена Иванова од Делегацијата на Европска Унија.

Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор е советодавно тело на Владата за унапредување на соработката, дијалогот и поттикнување на развојот на граѓанскиот сектор.

Советот беше формиран во април 2018 а во тек е отворениот повик за избор на нови членови на Советот од редот на здруженија и фондации.

На 22 март 2021, Генералниот секретаријат на Владата го објави јавниот повик за избор на 16 членови на Советот од редот на здруженија и фондации, а Сузана Никодијевиќ-Филиповска како претставник на оваа државна институција ќе овозможи повеќе детали за условите наведени во повикот како и процесот на избор на нови членови на Советот.

Регистрирајте се за учество на настанот

[wpforms id=”2963″]

По успешното регистрирање ќе добиете линк за најава на ЗООМ еден ден пред почеток на официјалниот настан.

Настанот е организиран во рамки на Граѓанскиот ресурсен центар, проект финансиран од Европската унија а спроведуван од Македонски центар за меѓународна соработка во партнерство со Асоцијација за демократски иницијативи, АДИ од Гостивар и Медиа плус од Штип. 

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

“Чувството на среќа, задоволство и радост од давањето и правењето добро за некого се главните придобивки од волонтирањето“ беше општиот заклучок од Работилницата за волонтерство и развивање програма за волонтирање, одржана онлајн на 6-7 мај 2025 година на платформата...

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанскиот сектор постојано еволуира, под влијание на глобалните и националните случувања. Новите политички реалности, како што е примерот со промените во САД, имаат директен ефект врз стратегиите и приоритетите на граѓанските организации. Оваа динамична природа бара...

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Волонтерството во граѓанските организации и заедници е моќен начин за градење позитивни промени и зајакнување на општеството. Преку ангажирање на волонтери, организациите добиваат поддршка за своите активности, додека волонтерите имаат можност да придонесат, да...