Разменети искуства меѓу грантистите на ГРЦ на работилница

1 Окт 2019

Грантистите на Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) учествуваа на дводневна работилница на која ги споделија своите очекувања од менторскиот процес, но и заедно работеа на финализирање на плановите за менторска интервенција. Некои од учесниците се потсетија, а други научија за низа техники и методи за работа во група, фацилитација и фацилитаторски вештини. Работилницата се одржа на 24 и 25 септември 2019 година во просториите на Македонски центар за меѓународна соработка, а учесници беа спроведувачите на партнерските грантови за организациски развој.

„Посветеноста и несебичноста при споделување на искуства и знаење, здружувањето на граѓанските капацитети се гледаше и чувствуваше за време на целата работилница. Искусните ментори и посветените корисници со сигурност ќе придонесат за развој на нови вредности во средините во кои се активни“, рече обучувачот Заге Филипоски. Тој додаде дека интеракцијата со учесниците и поставеноста на програмата прават да верува дека ова е вистински начин да се иницира општествена трансформација, што му претставува и лична мотивација.

На работилницата, претставниците од менторираните и од менторските организации имаа можност заедно да го подготват дизајнот за следните работилници. Тоа им овозможи да разменат идеи и искуства што пак уште повеќе придонесува за меѓусебно учење и развој.

разменети искуства меѓу грантистите

Валентина Атанасовска од Граѓанскиот ресурсен центар истакна дека грантистите имаат избрано навистина искусни ментори и менторски организации за спроведување на овие партнерски грантови. Таа додаде дека тие треба целосно да ја искористат понудената можност во следните четири до шест месеци и да ја развијат својата организација и интерните организациски капацитети.

Оваа работилница е дел од проектот Граѓанскиот ресурсен центар, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Македонски центар за меѓународна соработка во партнерство со Асоцијација за демократски иницијативи од Гостивар и Медиа плус од Штип.

Повик за избор на членови на Советодавна група

Повик за избор на членови на Советодавна група

Граѓанскиот ресурсен центар објавува повик за избор на членови на Советодавна група на ресурсните центри. Овој повик е дел од проектот ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2, финансиран од Европската Унија и спроведуван од Фондацијата Граѓански ресурсен...

ОНЛАЈН обука за дигитална трансформација на граѓанските организации

ОНЛАЈН обука за дигитална трансформација на граѓанските организации

Граѓанскиот ресурсен центар во рамки на проектот  “ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, објавува отворен повик за учество на онлајн обука за дигитална трансформација на граѓанските организации што...

Одржана информативна сесија за повикот за Акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025

Одржана информативна сесија за повикот за Акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025

На 4-ти март 2025 се одржа онлајн информативна сесија за повикот за Акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025. Настанот привлече претставници од над 60 претставници на граѓански организации, кои имаа можност да се запознаат со условите и критериумите за...