Призма ќе го мониторира буџетот на општина Ѓорче Петров

1 Ное 2019

Двајца претставници на здружението Призма – Центар за општествени истражувања и развој беа обучени за мониторинг на буџетските процеси, во рамки на партнерскиот грант од Граѓанскиот ресурсен центар. Обуката се одржа на 24 и 25 октомври 2019 година во просториите на менторската организација Форум ЦСИД – Центар за стратешки истражувања и документација.

Членовите на Призма коишто ќе го сочинуваат тимот за мониторинг како координатор и асистент, заедно со менторот Слаѓан Пенев, ја разработија методологијата за прибирање податоци.

Во периодот од ноември 2019 до мај 2020 година, преку анализа на достапните податоци од веб-страната на општината, деск истражување и теренски интервјуа, ќе се спроведува мониторингот на буџетските процеси на општина Ѓорче Петров. Врз основа на прибраните податоци ќе се изготвуваат месечни извештаи, а поважните наоди ќе бидат вклучени во завршниот извештај од мониторингот. Се предвидува тој да биде публикуван во печатена и електронска форма во мај 2020 година.

Здружението ЦСРД Призма – Центар за општествени истражувања и развој го спроведува проектот „Мониторинг на буџетските процеси во општина Ѓорче Петров“ во партнерство со менторската организација Форум ЦСИД – Центар за стратешки истражувања и документација , финансиран од програмата „Национален ресурсен центар за граѓански организации“. Програмата ја спроведуваат Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС), Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа Плус од Штип, а е финансирана од ЕУ.

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Волонтерството во граѓанските организации и заедници е моќен начин за градење позитивни промени и зајакнување на општеството. Преку ангажирање на волонтери, организациите добиваат поддршка за своите активности, додека волонтерите имаат можност да придонесат, да...

Организациите заинтересирани за повиците за предлози во рамките на ИПА III Програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2024-2025

Организациите заинтересирани за повиците за предлози во рамките на ИПА III Програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2024-2025

“Ја препознаваме важната и значајна улога на граѓанското општество и медиумите што ја имате во земјата и сакаме да помогнете во спроведување на клучните реформи. Сакаме да промовираме подобра демократизација, почитување на основните права, меѓународните стандарди и...

Дигиталната технологијата може да ги поедностави процесите и да го зајакне ангажманот со заедницата

Дигиталната технологијата може да ги поедностави процесите и да го зајакне ангажманот со заедницата

Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) продолжува да ги јакне граѓанските организации на теми кои придонесуваат кон нивно ефикасно и ефективно делување. Овој пат, фокусот беше ставен на дигиталната трансформација како една од клучните области на Стратешката агенда на ЕУ...